Го гонат за оддавање тајна

Објавил: Калина Мартинска | 31 март, 2025 20:31

Обезбедувач на премиерот Мицкоски е уапсен: бил фатен со материјали од МВР кои не законски ги поседувал

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Ангел Самараков од Велес, кој е дел од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски е уапсен под сомнение дека оддал службена тајна.

Тој падна во акцијата спроведена од Обвинителството за гонење на корганизиран криминал и корупција. Обвинителот направил повеќе истражувања, меѓу кои и претреси во неговиот дом и возила. Самараков, според МВР, незаконски поседувал материјали од Минситерството, кои ги оддавал на трети лица.

„При спроведувањето на полициската акција и преземените мерки и активности, на паркинг просторот пред хотел во Велес, во возило “бмв” затекнати се А.С., полициски службеник во Одделот за заштита на определени личности и објекти и Б.К., а при извршен претрес во возилото пронајден е ранец со службени материјали од МВР и од лицата се одземени мобилни телефони, по што се лишени од слобода“ велат од МВР.

Во рамки на акцијата, дополнително се извршени претреси на повеќе локации, при што се пронајдени и одземени електронски уреди, службени документи и други предмети релевантни за истрагата.

„Исто така, од преземените мерки и активности во процесот на проверка, ОВККИПС констатира дека полицискиот службеник постапувал спротивно на законските и подзаконските акти на Министерството за внатрешни работи, со што истиот неовластено поседувал службени материјали, нивно откривање на трети лица надвор од министерството, а со кои дејствија го извршил кривичното дело по член 360 од КЗ“, додаваат од МВР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести