Со овие активности значително се подобруваат условите за велосипедистите во Охрид и се придонесува во насока на редуцирање на автомобилскиот сообраќај.

Објавил: Стојче Бушин | 12 јуни, 2020 15:49

Завршени работни активности: Обележување на велосипедски патеки во Охрид!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Деновиве завршија предвидените работни активности за обележување на хоризонталната и поставување на соодветна вертикална сигнализација на улицата „АСНОМ“.

Вертикалното обележување е направено по сите современи стандарди за сообраќајно обележување.

Вертикалното обележување е направено по сите современи стандарди за сообраќајно обележување.

Покрај основната сообраќајна сигнализација, обележани се
велосипедски патеки од двете страни на коловозот, во две насоки, со попречно поврзување помеѓу нив.

Со овие активности значително се подобруваат условите за велосипедистите во Охрид и се придонесува во насока на редуцирање на автомобилскиот сообраќај.

Општина Охрид во текот на наредниот период планира активности за обележување на велосипедски патеки и на уште неколку сообраќајници во градот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Протестот е планиран на крстосницата помеѓу бул.„Александар Македонски“, ул.„16-та Македонска бригада“ и ул.„Интернационални бригади“.

Посебен режим на сообраќај поради протест во Скопје!

Посебен режим на сообраќај поради протест во Скопје! На 19.02.(петок), 22.02.(понеделник)...

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

105 санкционирани возачи во Скопје: 13 без возачка дозвола, 6 возеле под дејство на алкохол!

105 санкционирани возачи во Скопје: 13 без возачка дозвола, 6 возеле под дејство на алкохол! Министерството...