Инаку пожарот избувна претпладне околу 10.00 часот се запалил стан во една од зградите „убавици“ во населбата Карпош 4.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 мај, 2019 11:51

ОБНОВЕНО: Изгаснат пожарот во станот во Карпош 4- сопственикот пренесен во болница

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пожарот кој изби пред околу еден час во една од кулите убавици во скопската населба Карпош 4 е изгаснат.

Според информаците на Слободен Печат пожарот избувнал од плинска боца

Во пожарот изгоре стан на најгорниот 16-от кат, а лицето кое живеело во него е пренесено во болница. Според информациите од терен, станарот е пренесен на Токсикологија поради вдишување чад. Полицијата засега нема информација која е причината за пожарот. Повеќе детали за пожарот се очекуваат подоцна, во текот на денот.

Инаку пожарот избувна претпладне околу 10.00 часот се запалил стан во една од зградите „убавици“ во населбата Карпош 4.
Според до сега  неофицијалните информации пожарот бил предизвикан од плинска боца. Од запалениот стан пожарникарите со крајни маки успеале да го спасат сопственикот кој од терасата барал помош. Голем дел од станарите беа евакуирани од зградата, а пристигнатата брза помош, на возмирените станари им пружи соодветна медицинска нега. Во зградата, поточно во станот на поткровјето се пробиваа 3 противпожарни екипи. Поради сложената пристапност на зградата, на помош беше повикана и екипа од базата во „Автокоманда“ од каде пристигна возило со високи скали за да може да се интервенира со шмрк доколку е потребно, но по еден час пожарот е целосно изгаснат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Сменија, продадоа се што можеа да продадат, буквално се се проблематизираше, па до она денеска последното, историјата и јазикот. Да го сопреме губењето на Македонија. Го кажувам ова сега за да немаме дилеми во иднина. Сега е моментот да гласате за Македонија, потенцираше Мицкоски од Штип!

Мицкоски: На 15- ти јули е последната шанса за спас на Македонија

Испраќам порака до вас кои сте разочарани од политичарите, од трулежот на системот,...

Според него, СДСМ скоро никогаш не победувале на избори, но кога ќе ја презеле власта, рече тој, прават национални предавства.

Мицкоски за Сител: Ако случајно дојде СДСМ на власт, тогаш ќе се случи федерализација, а втор чекор целосно уништување

Генерално би издвоил три дела од програмата, ние нудиме 1000 решенија за 1000 проблеми,...

Во нашата кампања промовиравме одлична идеја и голем сон. Сонот за еднаквост, сонот за прв премиер Албанец Македонија, порача Зибери од пред Собранието на Македонија.

ЗИБЕРИ: Наскоро ќе биде избран првиот премиер Албанец.

Денес автобусот „Оствари го сонот“ пристигна и на следната станица, пред Собранието....

Сликата сегде е тажна, мачна, луѓето не се задоволни од секојдневието, не се задоволни од оваа политичка пандемија наречена СДСМ и Заев која трае веќе три години. Но, народот се исправа и сака промени, сака обнова. На 15 јули доаѓа обновата во Македонија, потенцираше Мицкоски!

Мицкоски: Раководство на СДСМ ја донесе Македонија на дното и ја претвори во хибриден режим

Огромна победа е во најава, луѓето се обединуваат околу обновата, луѓето се решени,...