Маја го известила порталот инфомакс дека полицијата ја нocи во полициcкaта станица БЕКО.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 јули, 2019 18:32

ОБНОВЕНО: Мајката на Пино била уапсена бидејќи викала „Македонија, Македонија“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако претходно порталот Инфомакс објави дека Маја Трпковска , мајката на убиеното момче Пинета Секондо, е уапсена денеска на плоштадот Македонија, сега е објавена и видео снимка на која Маја ја открива причината за нејзиното апсење.

Мајката на Пино неколку пати организираше и протести пред Собранието, а Пино го бараше и Интерпол.

Маја го известила порталот инфомакс дека полицијата ја нocи во полициcкaта станица БЕКО.

Според извори на порталот, најверојатно Маја Трпковска протecтирала на плоштадот Македонија, каде го извикувала името на државата ,,Македонија”, по што таа и нејзините пријатели биле пpивeдени, поради досега непознати причини.

На видеото Маја видно револтирана, ја открива причината за нејзиното апсење.

Како што вели таа на плоштадот извикувала Македонија.

Јас само реков Македонија, значи не сме веќе Македонци, ние сме Германци, Швајцарци, се сме само Македонија не сме. Значи на јавен плоштад, во сред Скопје, не смее човек да рече Македонија. Ова е диктатура, изјави мајката на Пино пред камерите на Инфомакс.

Според неофицијални информации на порталот со неа се наоѓале и странски државјани кои исто така се пpивeдени.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Камчева во судницата истакна дека се плашеле од моќта на поранешната шефица на СЈО Катица Јанева. Таа открива дека најпрво за случајот Рекет го информирала поранешниот директор на УБК, Горан Николовски и со него остварила две средби. На негово прашање зошто нема доверба во институциите таа му одговорила дека пред неа Јовановски разговарал на телефон со многу луѓе од власта, политичари, министерот за внатрешни работи, судии и обвинители.

Камчева пред судиите: Боки разговараше со Оливер Спасовски, oбвинитeли, политичари и со луѓе од власта

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева која денеска во својство на сведок...

„Ве толерирам, преќутувам, за да не дојде до сцена, ама вие двајца си правите муабет, наместо испитување“, им вели судијката Васка Николовска Масевска.

КОНФЛИКТ ВО СУДНИЦАТА: Боки до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене

Атмосферата за време на судењето за случајот „Рекет“ е се по тензична. Бојан Јовановски...