Македонија
Инциденти
СВР – Скопје до Основното Јавно Обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против скопјанецот Ф.С. [ 47 ] за две кривични дела “телесни повреди во вршење семејно насилство” казниво по член 130 став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Пријавениот Ф.С. во семејниот дом во алкохолизирана состојба физички ги нападнал неговиот двегодишен син и неговата сопруга Ѓ.С. и им нанел телесни повреди.
Додека неговата сопруга била на работа Ф.С. физички го нападнал двегодишното дете по што тоа се онесвестило.
Околу 18.30 часот Ѓ.С. дошла од работа и ги затекнала своите четири малолетни деца заклучени во соба. Во моментот кога нејзиниот најстар 9 годиншен син ја отворил вратата пријавениот Ф.С. физички ја нападнал Ѓ.С.
Таа успеала да избега во собата кај децата кои и кажале дека татко им ги тепал сите а најмногу најмалиот брат. По кратко време Ѓ.С. со такси возило го однела двегодишниот син во Ургентен центар при комплексот клиники “Мајка Тереза” каде му биле констатирани телесни повреди и бил задржан на лекување.
Во разговор со полициските службеници Ѓ.С. изјавила дека ова не е прв случај на семејно насилство од страна на Ф.С.
Со помош на Центарот за социјални работи на град Скопје останатите три деца биле згрижени во шелтер центар. Вчера во 01:05 часот пријавениот Ф.С. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Инциденти
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.