Дел од надвозникот познат под името “Моранди” кој е дел од автопатот А10 во Џенова се сруши денес. Италијанската агенција “ANSA” пренесува дека од мостот паднале десетина автомобили а официјалните лица истакнуваат дека има 11 мртви.
Досега е потврден смртта на 11 лица а потрагата по преживеани е во тек.
Oфицијалните лица наведуваат дека среќна околност е тоа што соообраќајот во моментот на несреќата не бил густ. Лошата вест пак е дека мостот се урнал над индустриска зона што предизвикува страв дека можеби се оштетени цевките за гас што може да предизвика нов сериозен проблем.
Шефот на локалната служба на Итната медицинска помош изјавил дека починале 11 лица. Официјални лица од противпожарната служба велат дека “веројатно има голем број жртви” како и дека е можна “трагедија од огромни размери”.
[ngg_images source=”galleries” container_ids=”15″ display_type=”photocrati-nextgen_pro_horizontal_filmstrip” image_crop=”0″ image_pan=”1″ show_playback_controls=”1″ show_captions=”0″ caption_class=”caption_overlay_bottom” caption_height=”70″ aspect_ratio=”1.5″ width=”100″ width_unit=”%” transition=”fade” transition_speed=”1″ slideshow_speed=”5″ border_size=”0″ border_color=”#ffffff” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_width=”120″ thumbnail_height=”90″ thumbnail_crop=”1″ ngg_triggers_display=”always” order_by=”sortorder” order_direction=”ASC” returns=”included” maximum_entity_count=”500″]
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.