Град Скопје се извини за грешката со испраќањето линк од видео кое е објавено на 8 јули 2018 година а се однесува на прскање против комарци.
“Ја увидовме грешката што ни ја посочија дел од вашите колеги новинари односно сме објавиле видео за почетокот на третото прскање против комарци со авион а кое што е од почетокот на минатиот месец односно од второто прскање.
Очекуваме ново видео за прскањето против комарци кое ќе се направи утре и истото ќе ви го доставиме. Закажаното полетување на авионите е во 05 часот на спортскиот аеродром Стенковец. Ве покануваме да дојдете и да присуствувате на подготовката и нивното полетување.” – се наведува во извинувањето од Град Скопје.
За потсетување Град Скопје тврди дека прскањето со авион почна изминатата ноќ а ќе се одвива и во наредниве три дена.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.