Лепа Брена на 16 ноември одржа концерт во Брчко и по тој повод на публиката и приреди незаборавен спектакл. Во еден момент на бината се качил жесток обожавател на музичката ѕвезда, а обезбедувањето било принудено да реагира.
Имено, тој паднал на колена пред Брена, што и се допадна на публиката, а од толпата се слушаа извици: „Каков крал“, „Цар“ и друго.
Пејачката цело време имаше широка насмевка на лицето, а обезбедувањето кое на крајот го симна господинот од сцената постојано беше на готовс.
Да потсетиме, Лепа Брена беше крајно трогната од концертот во родниот град, па истата вечер пред очите на своите сограѓани се „распарчи“.
Потресена од атмосферата и љубовта што ѝ ја дадоа таа вечер, Брена се расплака, а во еден момент за малку ќе го загубеше здивот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.