Партискиот реваншизам во општина Гостивар, каде градоначалник е "омилениот" министер на Заев, Таравари, предизвика колапс на образовниот систем и неговата функционалност

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 октомври, 2018 13:23

Образованието во Гостивар две години жртва на партиски реваншизам

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Влажни ѕидови, покрив кој прокиснува, дотраен објект кој речиси половина век не е саниран.

Во вакви услови учат над 1.000 ученици во Основното училиште “Гоце Делчев” во Гостивар. Родителите на децата, велат дека надлежните секоја година даваат ветувања, дека објектот ќе се реконструира.

Но сликата е сосема друга, наместо покрив градските власти имаат поставено најлон, и при секој дожд во училниците тече вода која се пречекува во кофи а тогаш и најчесто наставата се прекинува, поради старата електрична инсталација.

За реконструкција на училиштето има изработено проект кој чини околу 250.000 евра, но истиот никако да се реализира. Минатата година Општина Гостивар, најави дека треба да завршат тендерските процедури, и оваа учебна година, како што ветија, учениците ќе ја започнат во реновиран објект.

Од Министерството за образование, велат дека не бил распишан тендер за реконструкција, затоа што во проектот утврдиле неколку забелешки, и истиот го вратиле во општината на корегирање.

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари рече дека поради одземените надлежности во областа на образованието, немал ингеренции да врши корекции на проектот.

Директорот на училиштето Игор Радевски вели дека градоначалникот има ингеренции да го финализира проектот, но работата тапка во место поради политички препукувања меѓу општината и министерството.

Образованието во Гостивар две години е жртва на политички препукувања меѓу општина Гостивар на чело со Таравари кои доѓаат од Алијансата за Албанците и Министерството за образование со кои раководеа кадри на СДСМ а сега на ДУИ.

Поради нивните надмудрувања трпат учениците, наставниците и целиот образовен процес, чии училишта се со блокирани жиро сметки, долгови за струја и недостакот на средства за работа.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

Министерот за образование соопшти дека новите генерации на ученици треба да се едуцираат да живеат заедно во едно општество и во една заедница со оние кои се различни од себе

Адеми најави корекција на учебниците по партиски терк

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, очигледно не знае дека согласно сите...

Од Универзитетот нагласуваат дека студентите знаеле дека студиските програми биле во фаза на реакредитација, постапка која е техничка а ресорното министерство ја влечело цела година

Охрид: Се запишале на факултет кој не постои

Универзитетот за информатички технологии „Свети Апостол Павле” во Охрид без акредитации...