Ние ќе бидеме заедно со нив и заедно со многубројните фанови и целокупната јавност и од срце ќе ги бодриме. Истовремено веруваме, се надеваме и посакуваме дека нашите фудбалери со својата игра и залагање ќе не исполнат со радост и гордост”.

Објавил: Перо Милчин | 12 јуни, 2021 9:42

Обраќање на Муамед Сејдини – претседател на Фудбалска федерација на Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Обраќање на Муамед Сејдини – претседател на Фудбалска федерација на Македонија

 “А, таква беше годината.

Некои ќе кажат неправедна, за македонскиот фудбал историска.
Некои ќе кажат тажна, за македонскиот фудбал величествена. За некои ужасна и трагична, за македонскиот фудбал неповторлива. За повеќето од нас, година на борба. За македонскиот фудбал година на гордост и слава. На заедништво”.

 “Некои приказни едноставно подобро се раскажуваат ако започнеме од крајот!
Победивме бидејќи си рековме себеси дека сме победници.
Македонската фудбалска репрезентација се пласираше на Европското првенство.
Бидете горди. Затоа што ова е време кога македонските фудбалски великани одат по земја”.

 “Никогаш досега македонскиот фудбал не доживеал таква експлозија.
Тие емоции од Грузија со ништо дотогаш не можат да се споредат. Беа искрени и едноставно доаѓаа од целата наша држава како реакција на сѐ она што во годините наназад ни се случуваше во фудбалот.
Таа колективна екстаза и во време на здравствена епидемија доведе до тоа на скопските улици за прв пат да се скандираат имињата на македонските фудбалери”.

 “Во ова наше општество на невозможни институции и Македонци и Албанци и Турци и Роми се обединети кога е во прашање фудбалската репрезентација.
Тоа треба да ни биде пример за начинот на кои сите треба да се однесувааме.
Во победа или пораз – таква Македонија сакаме. И не само фудбалска”.

Никогаш не сме биле Европски прваци.
Но, никогаш во своите глави не сме биле поблизу до тоа чувство од овие денови пред Европското првенство.
И што и да се случи, ова чувство и оваа наша моќ никој не може да ни ја одземе.
Ниту оваа фудбалска Македонија. Самоуверена. Моќна. Храбра. Оптимистична”.

 “Ова е победа за сите кои барем еднаш во животот го облекле дресот на Македонија. И сите имаат заслуга за овој историски момент. Од првиот до последниот”.

 “Како Фудбалска федерација на Македонија сме сигурни дека фудбалерите и на натпреварите од Европското првенство ќе дадат се од себе за да го вивнат македонскиот фудбал во нови височини и одново да покажат дека припаѓаме меѓу најдобрите во Европа.
А, ние ќе бидеме заедно со нив и заедно со многубројните фанови и целокупната јавност и од срце ќе ги бодриме. Истовремено веруваме, се надеваме и посакуваме дека нашите фудбалери со својата игра и залагање ќе не исполнат со радост и гордост”.

“Ние сме мала држава, но имаме големи соништа….Столе, Ристе, Дамјан, Висар, Егзон, Кире, Стефан, Дарко, Ѓоко, Езџан, Енис, Аријан, Бобан, Стефан, Елиф, Тихо, Даниел, Марјан, Ферхан, Дарко, Горан, Иван, Милан, Аце, Крсте, Влатко…уживајте, давајте се од себе, па што биде”.

#НапредМакедонија 🇲🇰

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...

Бројката позитивни фудбалери на коронавирусот секојдневно се зголемува, а официјалните информации во неделата ги објави и најдобриот француски клуб Пари Сен Жермен.

Од денеска и официјално е потврдено дека нови четворицја фудбалери на ПСЖ се заразени со Covid-19, а еден од нив е и еден од најдобрите фудбалери на светот Лионел Мести. Другите тројца се Хуан Бернат, Серџо Рико и Натан Битумазала.

Покрај тоа, ПСЖ наведе дека сите четворица фидбалери ги почитуваат натамошните здравствени протоколи. Пред ПСЖ, кој убедливо води во француското првенство, се напреварот неделава во националниот куп кај Ванес, и потоа гостувањето кај Лион во првенството на 9-ти јануари.

Меси позитивен на коронавирусот

Бројката позитивни фудбалери на коронавирусот секојдневно се зголемува, а официјалните...

Нашиот ас имаше бројни извонредни настапи во дресот на Џенова, по што бројни „фаци“ во италијанскиот фудбал предводени од Антонио Конте апелираа до Пандев дека има да покаже уште многу на терените и дека не треба да се пензионира.

Пандев донесе одлука, ќе игра уште една година!

Горан Пандев е подготвен да продолжи да игра фудбал уште една година, одлука што најдобриот...

„Игор Ангеловски самиот најави дека по завршувањето на Европското првенство ќе бара нови предизвици во својата кариера и сега е време ние да ја почитуваме неговата одлука и да ја покажеме нашата благодарност за неговата работа и страст во сите овие години на чело на македонската А репрезентација“.

Благоја Милевски од 1. август нов селектор на македонската А репрезентација

Благоја Милевски од 1. август нов селектор на македонската А репрезентација Муамед...