Според она што може да се забележи, пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, во 2017 година  купил стан од 65.000 евра од 60 метри квадратни во Скопје. Апасиев навел дека има кредит во банка од 3,46 милиони денари подигнат во 2016. Возилото марка Алфа Ромео 2007 година, е на неговата сопруга, и чини 155.000 денари.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 септември, 2020 9:39

ОБЈАВЕН ИМОТОТ НА НОВИТЕ ПРАТЕНИЦИ: Апасиев се подновил со стан, Муцунски со ауди од 30.000 евра!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото фактор.мк

Денеска ДКСК ја објави пријавената имотна листа на дел од новите пратеници во Собранието кои за прв пат стануваат и функционери.

Според она што може да се забележи, пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, во 2017 година  купил стан од 65.000 евра од 60 метри квадратни во Скопје. Апасиев навел дека има кредит во банка од 3,46 милиони денари подигнат во 2016. Возилото марка Алфа Ромео 2007 година, е на неговата сопруга, и чини 155.000 денари.

Во 2018 година, секретарот за надворешна политика на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, купил ауди Q2 кое отприлика чини 30.000 евра а е пријавено како заеднички имот.

Кандидатот за претседател на ВМРО- ДПМНЕ на претседателските избор, професорката Гордана Силјановска-Давкова има завидни заеднички депозити во банка, од кои едниот е 55.688 евра и 3.508 долари на девизна штедна книшка, а другиот е 11.523 евра на девизна сметка.

Иванка Василевска, професорката која стана пратеник како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, има два кредита од лани од кои едниот од 1,2 милиони денари и другиот од 50.000 евра. Има два стана во Сопиште со вкупна вредност од 7,5 милиони денари, а кај брачниот другар пријавила три возила од кои мотор Јамаха, Нисан X треил и Цитроен Ц3 – сите во вредност од 2.050.000 денари.

Јован Јаулески, доскорешниот претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, од личен имот пријавил само депозит од 2.500 евра и автомобил голф 5 произведен во 2004, но го купил на старо во 2015 и вреди 200.000 денари.

Фактор ја објави целосната листа на имотот на преостанатите нови пратеници во собранискиот состав може да се прочита тука.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Македонците со престој во Германија се жалат на услугите на македонската амбасада и преку отворено писмо апелираат за подобрување на услугите во дипломатско-конзулантните преставништа на Македонија во Германија!

Македонците со престој во Германија се жалат на услугите на македонската амбасада

Македонците со престој во Германија се жалат на услугите на македонската амбасада...

Македонскиот и бугарскиот премиер денеска телефонски разговараа за повеќе теми од соработката меѓу двете земји, како и за организирањето на посетата на Зоран Заев на Бугарија!

Борисов до Заев: Бугарија останува доследна во поддршката на европската иднина на Македонија

Македонскиот и бугарскиот премиер денеска телефонски разговараа за повеќе теми од...