Учесниците ќе бидат селектирани врз основа на поднесените апликации, а главни критериуми се квалитет, иновација и карактер во опсег на предложениот концепт. Дозволени се сите уметнички форми и медиуми реализирани со кои било инструменти или техники.

Објавил: Стојче Бушин | 6 септември, 2020 11:20

ОБЈАВЕН ПОВИК ЗА УМЕТНИЧКИ КОНЦЕПТИ ЗА „БЕЛА НОЌ 2020“

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

ЈУ Универзална сала и Град Скопје распишаа јавен повик за доставување предлог-концепти од областа на сите видови уметност за 16. манифестација „Бела ноќ“ која ќе се одржи на 26 септември.

И годинава на манифестацијата ќе бидат опфатени областите: визуелни уметности (ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип), применети уметности (архитектура, визуелен/индустриски/веб дизајн, мода, дигитални креации, видеоарт и инсталации), музика, филм и јавна уметност – урбани изведби и перформанси.

📍Учесниците ќе бидат селектирани врз основа на поднесените апликации, а главни критериуми се квалитет, иновација и карактер во опсег на предложениот концепт. Дозволени се сите уметнички форми и медиуми реализирани со кои било инструменти или техники.

📍Предлог-концептите треба да бидат адаптирани за на отворено и да бидат во согласност со мерките за заштита од пандемијата предизвикана од ковид-19.

📍Заинтересираните за учество треба да достават апликација заедно со кратка биографија, опис на проектот и учесници и финансиска конструкција на проектот.

. Апликациите треба да бидат пратени најдоцна до 15 септември на мејлот: info@univerzalna.com.mk или на адресата: ЈУ Универзална сала Скопје, со назнака: „За Бела ноќ 2020“, бул. „Партизански одреди“ бр.45, 1000 Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Манифестации

Фестивалот CINEDAYS не само што успешно ја пребродува короната, туку тоа го прави и на најдобриот можен начин, реоткривајќи ги културните простори во Скопје.

ШИЛЕГОВ ГО ПОВИКА ПЕНДАРОВСКИ ЗАЕДНО ДА ГО УРЕДАТ ЦЕЛИОТ ПОКРИВ НА ГТЦ

На затворањето на меѓународниот фестивал на европски филм – CINEDAYS што вчеравечер се...

Бела ноќ, во организација на Универзалната сала, со поддршка на Град Скопје, на граѓаните со својот урбан концепт ќе им ја доближи уметноста, додавајќи и нова, културна димензија.

ВО САБОТА БЕЛА НОЌ НА 10 ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ

Скопје и скопјани по 16-ти пат, в сабота на 26. септември, ќе можат да бидат дел од Бела...

Прва земја-домаќин на натпреварот од воведувањето на новиот начин на организација е Србија, при што годинава овој натпревар се одржа во Белград.

Македонија ќе биде домаќин на Меѓународниот балкански вински натпревар

На Меѓународниот балкански вински фестивал, кој годинава се одржа во Софија, Бугарија,...

Целта на конференцијата е да ја поттикне актуелноста на современата улога и значење на културниот туризам како една од функционалните мобилни форми за афирмација, заштита и промоција на културното наследство во Скопје и Скопско!

НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА „КУЛТУРНИОТ ТУРИЗАМ ВО АФИРМАЦИЈА НА МАКЕДОНСКОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ВО СКОПЈЕ И СКОПСКО“

Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, вчера на /16.09.2020 година/,...