„Ве молам да се вратиме. Изгубена е радио врската и авионот гори во гром“, рекол командирот на авионот.

Објавил: Сара Фемина | 8 мај, 2019 7:24

(ВИДЕО) Објавен разговорот меѓу пилотот и контролорот на летање во страшната авионска несреќа во Русија!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во текот на вчерашниот ден Телевизијата РЕН ТВ објави разговори меѓу контролорот за летање со екипажот од авионот „Аерофлот“ кој се запали на пистата после итното слетување на Шерметјево во неделата околу 19:30 часот.

Авион на руската компанија „Аерофлот“ се запали при слетување на аеродромот „Шереметјево“ во Москва. Во несреќата загинаа 41 патници, додека пак 39 патници беа успешно евакуирани. Телевизијата РЕН ТВ објави разговори меѓу контролорот за летање со екипажот од авионот „Аерофлот“.

Пилотот Денис Евдокимов после ударот од гром во рускиот авион проценил дека ситуацијата е премногу сериозна, но не и толку критична. Екипажот испратил сигнал до земјата „Пан-Пан“. Тој сигнал значи дека авионот е под закана, но не е потребна итна помош.

„Ве молам да се вратиме. Изгубена е радио врската и авионот гори во гром“, рекол командирот на авионот.

Контролорот кој работел заедно со пилотот на преминот на аеродромот пренел соопштение. После тоа пилотот рекол дека не може одеднаш да слета. Контролорот на летање прашал дали на вработените им е потребна помош.

„Не, засега е се во ред“, одговорил пилотот.

Објавени снимки од внатрешноста на рускиот авион кој се запали на аеродромот во Москва

Пилотот додал дека постои проблем со врската и автоматското управување на авионот.
Веднаш после овие разговори авионот почнал да се спушта.

Пилотот на авионот не потврдил дека е подготвен за слетување. Контролорот на летот се пожалил дека пилотот воопшто не се слуша. После некои корекции екипажот одлучил да слета, не компјутерски, туку со помош на некои инструменти.
Пилотот побарал помош. Во кулата одговориле дека екипажот треба да продолжи со слетување. Контролорот на слетување им соопштил на пилотите за брзината на ветерот и им дозволил да слетаат.

„Спасувачките служби се на пистата“, рекол тој.

После тоа разговорот веднаш се прекинал. Веднаш после тоа авионот се запалил.

Да потсетиме Авион на руската компанија „Аерофлот“ се запали при слетувањето на аеродромот „Шереметјево“ во Москва, при што загинаа 41 патници, а додека пак 39 патници беа евакуирани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Како што пренесе државната телевизија, до експлозијата дошло така што од цевката која се наоѓала во салата за венчавање протекла гас.

КРВАВА СВАДБА ВО ИРАН: Загинаа 11 сватови и 5 деца – еклсплодира плинска цевка на венчавка!

Најмалку 11 лица загинаа во експлозија на плинска цевка за греење, во западот на Иран,...

Властите соопштија дека лошото време ќе биде еден од факторите што ќе се испита, но причината за несреќата сè уште не е позната.

СЕ СРУШИ ПАТНИЧКИ АВИОН ВО САД: Најмалку 10 лица се загинати

Најмалку девет лица загинаа, а тројца се повредени во пад на мал авион во американската...

Емран Хамза (2), кој е по потекло од Србија, загина во неделата на божиќниот саем во Луксембург, кога скулптура од мраз од 700 кг падна на несреќното дете.

ХОРОР: Двегодишно дете од Србија го уби скулптура од 700 килограми мраз – ПОЧИНАЛО НА РАКАТА ОД ТАТКО МУ

Емран Хамза(2)трагично настрада кога на него во текот на божиќниот саем се сруши куќа...

„Ова е критична точка, со екипи од Турција се обидуваме да ги поместиме трите плочи кои се паднати една врз друга.

Симоновски зборува за ТВ21 од Драч: „Се наоѓаме на критична точка, најверојатно има три-четири деца под рушевината“

Три до четири деца се заглавени во рушевината каде што интервенираат екипи на пожарната...