Македонската академска јавност се повеќе обединета дека уставните измени не смее да поминат, со што по подолго време државата добива јасна критичка маса со аргументи

Објавил: Мартин Попоски | 19 ноември, 2018 7:27

Оваа багра ниту Господ не може да ја спаси од нејзиниот народ!

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

И угледниот македонски професор при Универзитетот Колумбија во САД, Росоклија, се огласи на социјалните мрежи во врска со обидите за се спречи одржувањето на синоќешниот протест во Скопје.

Оваа багра ниту Господ не може да ја спаси од нејзиниот народ! – напиша Горазд Росоклија започнувајќи ја својата објава на социјалните мрежи во која што ја критикува власта и нејзините постапки за да се спречи протестот.

Власт која од сопствениот народ се обидува да се спаси со блокада на патишта, не сфатила дека идејата, достоинството и слободниот човек не можат да бидат запрени или уништени со физички бариери.

Ништо и никој не може да ги спаси! – пишува Росоклија.

Реакцијата на Росоклија уследи по повикот од неговата колешка, Билјана Ванковска која на социјалните мрежи истакна дека власта се обидува да го спречи одржувањето на протестот против промена на името.

Професорката Ванковска напиша:

Повик до Скопјани! Патиштата низ Македонија систематски ги блокираат што поради наводни сообраќајни незгоди, што поради снег! Ако другите не стасаат од внатрешноста, одговорноста за масовноста на собирот зависи од нас! Изговори нема!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој прокоментира за трговската ознака, и вели дека ние треба да бидеме многу понастојчиви и политички, не само правно. Потсетува дека за тоа е формиран тим од експерти од двете страни, кој треба во рок од три години да донесе решение за ознаките за се што се извезува од нашите две држави во светот.

Пендаровски: На албанците името Македонија, идентитетот и јазикот македонски, не им значи!

Претседателот на државата Стево Пендаровски вчера во интервју за емисијата Само вистина...

Златев за пример го посочи Доналд Трамп кој ги обвинува медиумите кои се критички настроени кон него и неговата политика. Се расправа со „CNN“, се расправа со „New York Times“, ги обвинува за ширење на „Fake News“.

Златев: Реагираат на мене бидејќи им ги откривам скандалите!

Новинарот иглавен и одговорен уредник на порталот ЕкономскиЛидер, ЉупчоЗлатев, во...

Не обвинија само поради тоа што си ја сакаме Македонија. Секој ден сме бомбардирани со лажни вести и афери.

Мизрахи: Ќе ставиме крај на ЗАЕВИЗМОТ- не обвинија бидејќи си ја сакаме МАКЕДОНИЈА

Разрешената министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи на социјалните...