Никол управуваше со ловец бомбардер Ф16 и спрема сигурни податоци таа имала дури 200 часа летање во текот на бомбардирањето на Косово, но и 10 дена во Ирак април 2003 година.

Објавил: admin@magazin | 25 март, 2019 18:13

Оваа Русинка ја бомбардираше Србија 200 часа без престан – за Албанците е жена ХЕРОЈ, а за Србија е убиец

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Никол Малачовски беше еден од главните пилоти на НАТО, во текот на бомбардирањето на Србија.

Вчера се навршија 20 години од почетокот на бомбардирањето на СФРЈ, во кој НАТО 78 дена убиваше невини луѓе и уништи голем број фабрики во Србија и Косово.

Во текот на бомбардирањето една жена остана запаметена помеѓу народот, бидејќи беше единствената жена пилот која ја бомбардираше Србија.

Никол Малачовски поради бомбардирањето на Србија со борбени авиони, доби чин на „Мајор„ но исто така беше и одликувана со медал.

Таа за НАТО, и Албанците беше херој за време на бомбардирањето.

Никол управуваше со ловец бомбардер Ф16 и спрема сигурни податоци таа имала дури 200 часа летање, во текот на бомбардирањето на СФРЈ, но и 10 дена во Ирак април 2003 година.

Она што е занимливо е дека Никол е по потекло од Русија, но таа е во редовите Аир Флота САД од 1996 година. Поради своите заслуги, оваа прва жена пилот со чин на мајор во САД, со нејзините летови и напади на српската војска и граѓаните, се смета како голем херој помеѓу Албанците и Американците.

При нападите загинаа 1.031 припадници на Вооружените сили и полицијата, а ранети беа околу 6.000 цивили, меѓу кои и 2.700 деца, како и 5.173 војници и полицајци.

На вчерашен ден пред 20 години започнаа воздушните напади на силите на НАТО на тогашна Сојузна Република Југославија.
За време на 78-те денови, колку траеше бомбардирањето, според официјалните податоци, загинаа меѓу 1.200 и 2.500 луѓе, додека вкупната материјална штета е проценета на повеќе десетици милијарди долари.

Воените загуби на НАТО никогаш официјално не се соопштени.

Како што пишуваат српските медиуми во Белград, операцијата на НАТО насловена „Милосрден ангел“ започна на 24 март 1999 година во 19.45 часот и таа уследи по неуспешните преговори за решавање на кризата на Косово во Рамбује и Париз.

http://https://www.youtube.com/watch?v=91Lx8v0ENRI

http://https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=s13ZDf9bC1U

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...