
Македонија
Вести
Владата на вчерашната седница донесе одлука дека 7 мај, денот кој беше прогласен за неработен ден поради историската посета на папата Франциск, да биде одработен на 8 јуни, односно оваа сабота.

-Оваа одлука се однесува на основните и средните училишта на територијата на Град Скопје кои го немаат одработено овој ден во претходниот период, како и за детските градинки и здравствените установи на територијата на Град Скопје, кои од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство ќе добијат планови за работењето во овие дејности, соопштија од Владата.
Владата ја донесе ваквата одлука со цел да се одработи денот кој беше неработен во чест на посетата на папата Франциск, и му препорачува и на приватниот сектор на територијата на Град Скопје, да ја спроведе оваа одлука овој ден да биде работен и за вработените во овој сектор доколку 7 мај бил неработен.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.