Некаде кај Стајковци му исчезнува секаква трага. Тука се губи и сигналот од мобилниот телефон.

Објавил: Рејхан Бајрами | 1 јуни, 2019 11:10

Ова е Ангела, девојката што e замешана во убиството на Пино! КАКО ПИНО БЕШЕ УБИЕН ?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што дознава DOSIE.MK кои се дел од истрагата, Пино бил намамен од девојката од скопската населба Ѓорче Петров, Анѓела и вечерта кога исчезнал бил со неа. Во интерес на полициската истрага не се откриваат премногу детали околу нивната средба.

Мајката на Пино од декември минатата година, неколку пати организираше протести пред Собранието, а нејзиниот син го бараше и Интерпол.

Пинета Секондо, беше исчезнат од 11.12.2018 година, а беше пријавен од страна на неговата мајка, во ПС при СВР Скопје. На 29.04.2019 година во Единицата за известување и команда во Скопје од страна на непознат граѓанин, беше пријавено е дека на место викано Башинец во атарот на с.Љуботен пронајден е човечки скелет покриен со камења.

Осомничени се две лица, а во домот на првопријавениот пронајдени се СИМ картици, лични документи, мобилен телефон, УСБ, мемориска картица, една фантомка и возило Опел Аскона. По Ф.А. распишан е централен распис од полицијата. На 30.05.2019 година второпријавената А.Ѓ. е лишена од слобода во просториите на СВР Скопје, се вели во соопштението на Министерството за Внатрешни Работи.

Но она што детално ја води истрагата до Арачиново е чудниот пат на движење на убиениот Пино.

На 31.05.2019 година Единица за насилен криминал при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Ф. А. (27) и А. Ѓ. (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело “убиство“ предвидено и казниво по член 123 од КЗ на РСM.

Како што брифираат извори од досие.мк, наводно Пино бил и до Тетово за што има доказ од камера на патарина со која е снимена неговата бела шкода. Потоа се враќа но не влегува во Скопје туку преку обиколница оди кон Арачиново.

Некаде кај Стајковци во Скопје, му исчезнува секаква трага. Тука се губи и сигналот од неговиот мобилен телефон.
Осомничениот за убиството е од Арачиново.

Девојката според првичната информација од обвинителството е замешана во мамката во која влегол Пино. Ангела е ќерка на возач, дете на разделени родители и проблематична девојка заглавена во многу незгодни друштва и пороци.

Мајката на Пино неколку пати организираше и протести пред Собранието, а Пино го бараше и Интерпол.

На нејзиниот профил до скоро имаше поставено и главна слика на која има девојка и момче со пиштол и крв.

Ангела била исто така на полиграф но го поминала.
Истрагата допрва ќе го открива мотивот за убиството.

Медиумите кои вчера беа на местото каде е пронајдено телото на Пино пренесуваат дека бил најден череп со дупка и растргнат скелет. 

Дождовите направиле големо влечиште ,а најверојатно делови биле растргнати од животни. Со ДНК анализа е потврден идентитетот на момчето.
Пинета Секондо е убиен со куршум од пушка во глава и фрлен во дупка , а телото покриено со кебе и камења, вест која ја шокираше македонската јавност, пишува досие.мк.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од синдикатот бараат премиерот, Зоран Заев, да „замете“ и во МВР со цел правдата да биде задоволена, а зборот одржан.

МВР врши мобинг врз членовите на синдикатот и останати припадници на полицијата!

Дејан Саздов портпаролот на Независниот синдикат на полицијата, обвини дека раководството...

„Одлучен удар” е досега најголема вежба која ја организира нашата армија во која учествуваат околу 2.700 војници од армии на уште пет сојузници – САД, Литванија, Албанија, Бугарија и Црна Гора.

Денеска Кавадарци ќе биде под воена опсада!

Денеска граѓаните на Кавадарци  ќе имаат можност на градскиот плоштад да проследат...