Атиџе ја промени бојата на косата, и доби фризура со која навистина изгледа холивудски, објави Женски Магазин.

Објавил: Мартин Попоски | 5 февруари, 2020 23:06

ОВА Е АТИЏЕ СО НОВАТА ХОЛИВУДСКА ФРИЗУРА: Нема да ја препознаете(ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Популарната Атиџе од „Медена земја“ која ги освои срцата ширум светот веќе започна да се подготвува за доделувањето на Оскарите.

Атиџе ја промени бојата на косата, и доби фризура со која навистина изгледа холивудски, објави Женски Магазин.

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ е во трка за два оскари, и тоа за најдобар документарен филм и најдобар интернационален филм. За прв пат во историјата на Оскарите документарен филм добива номинација и во категоријата најдобар интернационален филм.

-Денес нè израдува со својата посета во нашето студио за да ја блеснеме за на Оскарите. Мораме да признаеме дека таа е најпрво една прекрасна личност со голема душа и харизма и и’ ја посакуваме целата среќа на светот. Беше пресреќна од фарбањето и фенирањето и ни рече дека сега ќе може да им парира на Бред Пит и Леонардо ди Каприо. Убав помин на Оскарите, медена наша, ни беше чест што те запознавме, те чекаме со статуетка и еден куп импресии- напишаа од фризерското студио „Ив“ под објавените фотографии со Атиџе.

На споменатиот „Санденс“ фестивал во Јута, „Медена земја“ победи во конкуренција со повеќе документарни филмови, а покрај оваа голема победа, филмот доби и уште две награди: Котевска и Стефанов ја примија специјалната награда од жирито за влијание за промена, а снимателите Фејми Даут и Самир Љума ја добија специјалната награда за камера.

Исто така Медена земја го доби признанието од „Њујорк тајмс“ за најдобар документарец во 2019 година, две признанија на Интернационалните документарни награди во Лос Анџелес, како и признание за најдобар документарен филм од организацијата на филмски критичари од Њујорк (New York Film Critics Circle – NYFCC).

На најпрестижниот светски настан посветен на документарниот филм, кој е во организација на ИДА (Интернационалната документарна асоцијација), режисерот Љубомир Стефанов и снимателот Фејми Даут, во студиото „Парамаунт“ во Лос Анџелес, го примија признанието „Pare Lorentz” („Паре Лоренц”), како и наградата за најдобра кинематографија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.