На име на Стево Пендаровски е запишано Југо од 1999 година, а има заштеда во банка од 12 илјади евра, а тие пари му се од наследство.

Објавил: admin@magazin | 22 април, 2019 19:02

Ова е богатството на кандидатите за претседател, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска- Давскова!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Блерим Река пријавил кај антикорупционерите дека поседува куќа во Скопје од 200 метри квадратни, вредна 200 илјади евра. Река во банка пријавил дека има орочени 38 илјади евра и два кредита од над 30 илјади евра.

Претседателскиот кандидат од СДСМ Стево Пендаровски, живее во скопската населба Автокоманда, во стан од 62 метри квадратни. Станот е во сопственост на таткото на неговата сопруга и затоа не е наведен во анкетниот лист кај антикорупционерите.

На име на Стево Пендаровски е запишано Југо од 1999 година, а има заштеда во банка од 12 илјади евра, а тие пари му се од наследство. Неговата сопруга има автомобил Рено Меган и има заштеда во банка од 3 илјади евра.

Претседателскиот кандидат од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, пак, нема недвижен имот на нејзино име. Силјаноска живее во центарот на Скопје, на улица Орце Николов во семејна куќа, сопственост на нејзиниот сопруг. Куќата е од 114 метри квадратни и прилично стара. Силјановска нема автомобил. Нема возачка дозвола, ниту пак сака да вози автомобил.

Сопругот од Гордана Силјановска е пензиониран правник, има Хонда Шатл од 1996 година. Бидејќи таа не е носител на некоја јавна функција, нема обврска да го пријави имотот кај Антикорупциска. Затоа и немаме детален приказ на нејзините банкарски сметки.

Но од нејзиното семејството велат дека немаат големи заштети во банка. Но, од друга страна немаат ниту кредити или други поголеми долгови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Колегите и вработените во Општата болница Кочани, кои се’ уште не можат да се соземат од шокот по трагедијата во која загинаа 59 лица, утрово се простуваат од Иле Гоцевски

Нова трагедија во Кочани: Вчера цел ден пренесувал повредени, денес не се разбудил

Колегите и вработените во Општата болница Кочани, кои се’ уште не можат да се соземат...