Како што можевме да видиме, токму Василиј бил на смена и го гасел пожарот во близина на реакторот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 јуни, 2019 14:42

Ова е вистинскиот херој од Чернобил: Пожарникарот Василиј бил радиоктивен и по смртта, па го затвориле во метален сандак и закопале во бетон

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во моментот најгледанатата серија која предизвика низа позитивни коментари а е базирана на вистинска приказна за катастрофата која го погоди Чернобил, а го носи токму тоа име „Чернобил“ ги извади на виделина вистинските херои кои први отишле да се справат со последиците од трагедијата. Еден од нив пожарникарот Василиј Игнатенко кој може и да го сретнеме во серијата.

Василиј и Људмила на својата венчавка

Како што можевме да видиме, токму Василиј бил на смена и го гасел пожарот во близина на реакторот. Василиј додека бил во болница неговата сопруга која била бремена го посетувала во без размислување на можните последиците.

Во серијата може да се види како Василиј умира со тешки маки и болки, две недели по несреќата. Неговата сопруга Људмила раскажува дека тој ги плукал сопствените органи. Но изненадувачки бил фактот дека Василиј бил толку радиоактивен дури и по смртта при што неговото тело морало да биде закопано во лимен ковчег и наместо во земја го ставиле во бетон. Жалосна е судбината на овој пожарникар кој имал само 25 години но уште пожалосна е трагедијата која ја преживеала несреќната Људнима. На само неколку недели по смртта на сопругот Василиј, таа го родила нивното заедничко дете, кое било девојче но за жал починало само по неколку денови од раѓањето.

Инаку, Људмила се уште е жива, живее во Киев и има син.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Германски Шпигел наведува дека аферата “Рекет” предизвика политички земјотрес во Македонија, при што осомничена е хероината на револуцијата, Катица Јанева.

Јанушев се огласи по објавите во „Шпигел“: Кој ќе биде следен со оградување и откажување од Зоран Заев и СДСМ?

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, по објавите на Германски Шпигел...