Пријавила и депозити и кредитни картички на свое име и на децата, исто така и кредити.

Објавил: Перо Милчин | 21 август, 2019 22:23

ОВА Е ВОЗНИОТ ПАРК НА КАТИЦА ЈАНЕВА- Ровер 45, Ауди А4 и многу друго!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вечерва притвор од 30 дена вечерва и е одреден на специјалната обвинителка Катица Јанева, како третоосомничена во случајот „Рекет“.

Притворот за Јанева го побара обвинителството за организиран криминал. Судија на претходна постапка и ја изрече оваа мерка по речиси три часовен распит.

„Во овој момент сметавме заедно со јавниот обвинител на Република Македонија дека е неопходна оваа мерка. Истрагата може да трае максимално шест месеци и во тој рок треба да се подигне обвинение“, рече обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска непосредно по изрекувањето на мерката за Јанева.

Јанева во Државната комисија за спречување корупција пријавила два стана во Скопје едниот од 68 метри квадратни, а другиот од 72 метри квадратни на име на нејзините деца, куќа во Гевгелија на свое име, земјоделско земјиште во Мрзенци и плац во Коњско, а и три возила, Ровер 45, Ауди А4 и Голф 4.

Пријавила и депозити и кредитни картички на свое име и на децата, исто така и кредити.

Ова е имотниот лист на Катица Јанева : http://www.dksk.org.mk/imoti_2/detail.php?detail=10239&search=&ime=%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%86%D0%B0&prezime=&funkcija=&institucija=

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.