Се повеќе пациенти со Ковид-19 се примаат во болница. Исполнети се веќе и првите катови од интернистичката клиника во Скопје, а почнуваат да се примаат пациенти и во хируршките одделенија.

Објавил: Перо Милчин | 16 ноември, 2020 21:07

Ова е вонредна состојба во нашиот здравствен систем, вели Филиче

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното гостување на телевизија Сител рече дека доколку продолжи оваа динамика на ширење на корона вирусот, може да дојде до ситуација да нема доволно кревети.

Се повеќе пациенти со Ковид-19 се примаат во болница. Исполнети се веќе и првите катови од интернистичката клиника во Скопје, а почнуваат да се примаат пациенти и во хируршките одделенија.

-Тоа значи дека здравствениот систем во еден момент ќе треба да ги опслужува само пациентите со Ковид-19 – рече министерот за здравство Венко Филипче, во гостувањето на вестите на Сител.

Ова е вонредна состојба во нашиот здравствен систем, вели Филиче.

Спремни се и дополнителни капацитети и во ГОБ „8 Септември“, но со оваа диманика навистина за кратко време може и тие дополнителни кревети, места коишто ги обезбедуваме да се пополнат. Веќе предвидуваме места и на хирушките клиники, но тоа може да значи, ако веројатно продолжи овој тренд, дека во еден момент ќе запре целокупниот нормален програм којшто сега сé уште функционира – системот за закажување Мој Термин, редовните операции да почнат да се откажуваат и сите доктори, сестри да бидат посветени на лекување на пациентите со ковид-19.

Тоа ќе биде прв пат во историјата целиот систем да лекува само една патологија, со цел да се намали притисокот. Ова е криза насекаде, кај нас, во регионот, во цела Европа. Но, обезбедувањето на кревети, посебно на кадар оди сé потешко“, потенцираше министерот Филипче и додаде дека така е и во соседните земји и во Германија, целиот кадар се мобилизира и капацитетите се полнат брзо.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Затоа утре поставете му ги прашањата на Петков на утрешната прес конференција. Ако одговори така како што очекувам, нема да има пречка за првата меѓувладина конференција.

МИЦКОСКИ ЗА ТВ 24: ЌЕ СЕ СРЕТНАМ СО ПЕТКОВ И ОЧЕКУВАМ МАРИЧИЌ ДА ГО СОВЕТУВА ДА НЕ СЕ МЕША ВО МАКЕДОНСКИТЕ ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата 24 анализа ги охрабри...

„Ние имаме договор со Заев како премиер, а не како градоначалник на Струмица. Тој барем уште некое време ќе треба да ја води Владата

Османи: ДУИ очекува Заев да продолжи да ја води Владата

Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, вчера во дебатниот...