Додека Горан и неговата сакана се фалат од слики од убавиот одмор, Адријана Алачки му посвети статус на друг маж. Тоа е докторот Владимир Чадиковски, познатиот хирург.

Објавил: Стојче Бушин | 10 октомври, 2020 15:04

Ова е девојката на македонскиот хармоникаш Горан Алачки: Заедно уживаат на одмор во Албанија(ФОТО)

Фото/Текст извор: ©galama

Иако пред многу години се разделија, односот на Адријана и на Горан Алачки е секогаш интересен за јавноста.

Повеќе од три години, познатиот музичар е во врска со новинарката Марина Дојчиновска, а за нивната љубов во јавноста се дозна откако на социјалните мрежи објавија слики од заедниччки одмор во Бразил.

И летово, Алачки и Марина уживаа во луксузен одмор, на сама плажа во ресорт во Албанија.

Додека Горан и неговата сакана се фалат од слики од убавиот одмор, Адријана Алачки му посвети статус на друг маж.

Тоа е докторот Владимир Чадиковски, познатиот хирург.

„ Прелистувајќи го мојот албум со фотографии, пред оваа здивот ми застанува, токму заради него, досега не ја објавив зошто устата неможеше да ми најде збор, зошто сè уште не постои збор што толку ќе прилега на неговата големина, на тоа што е тој а како да му кажам „од срце ти благодарам” и мислам и тоа е малку….

Сè што и да направам и кажам за него ќе е малку… дамарот за него го посветувам, за овој единствен човек, хирург за кој светот пишува а тој е наш, колку ли деца спаси, колку ли мајчински и татковски срца израдува, чекајќи пред операционата сала да ги видат твоите очи и ги слушнат твоите зборови „сè е добро, не грижете се”…ах една од нив бев и јас, пред 15 години кога мојот син беше во твоите раце…

Додека Горан и неговата сакана се фалат од слики од убавиот одмор, Адријана Алачки му посвети статус на друг маж. Тоа е докторот Владимир Чадиковски, познатиот хирург!

Се уште ти го паметам ликот од тој миг, чекајќите да излезеш… мојата најдолга и најтешка ноќ… Ти си нашиот ангел со огромно срце и душа, за тебе никогаш не беа важни материјалните нешта, лично сум сведок, очите твои се смееа кога ќе ги испратеше дома здрави и живи, твојот однос е како сите да се твои деца, сиромашни, богати, познати, непознати, сите беа исто за тебе… Ах убавецу наш, големино, биди здрав и жив , на сите си ни потребен…

Откако се раздели од познатиот музичар, Адријана ретко го спомнува во јавноста. Неколку месеци откако се разделиј, и двајцата изјавија дека се во добри, пријателски односи и заедно се грижат за децата.

Пред две години, Горан Алачки изјави дека Адријана го злоупотребува неговото презиме, а таа немаше одговор на оваа негова изјава.

Дали Алачки се навистина пријатели или не, тие и нивните блиски најдобро знаат. Јавноста до сега не дозна за нова врска на Адријана, која во последно време е посветена на кулинарското ТВ шоу, повеќе отколку на музиката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Градоначалникот Шилегов заедно Мила Царовска, Аријанит Хоџа и Елизабета Ангелеска, денеска присуствуваше на отворањето за посетители на мини зоолошката градина – ЗОО Парк и систем за аквапоник во дворот на средното земјоделско-ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

МИНИ ЗОО ПАРКОТ ВО СУГС БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ ОТВОРЕН ЗА ПОСЕТИТЕЛИ

МИНИ ЗОО ПАРКОТ ВО СУГС БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ ОТВОРЕН ЗА ПОСЕТИТЕЛИ! Градоначалникот Шилегов...

Според информациите кои ги доставија заедно со фотографијата Груевски е во кафуле во Будимпешта, во друштво со преубава девојка која што по потекло од Србија.

(ФОТО) Груевски уловен во друштво со преубава Србинка

Колегите од веб порталот Револуционер споделија фотографија од Будимпешта каде што...

Во хотелите најбарани се тридневните празнични аранжамни, а она за што најмногу се интересирале гостите пред да резервираат е времетраењето на полицискиот час и безбедносните протоколи.

Туристите го наполнија Охрид

Велигденските и првомајските празници го раздвижија Охрид. Домашните туристи, но и...