Авионската индустрија беше целосно поразена, а нејзините работници сигурно немаа идеја дека такво нешто ќе ги стигне, барем не оваа година. Сепак, коронската криза целосно ги запре летовите, кои дури сега полека закрепнуваат, иако штетата е направена – и е огромна. Сметката ќе ја плаќаат вработените.
Десетици илјади работни места се избришани во текот на овие месеци, а работодавците најавуваат нови масовни отпуштања и намалување на платите пред есента и зимата. Овој ден, всушност, би можел да се запише како најлошиот во историјата на авионската индустрија, кога станува збор за отпуштања: по неуспешните обиди да се обезбедат повеќе федерални пари, „Американ ерлајнс“ и „Јунајтед ерлајнс“ беа принудени да отпишат 32.000 работни места заедно, пишува Си-Ен-Ен.
Оваа мерка беше одложена за во последен момент, бидејќи имаше надеж дека авиоиндустријата ќе добие повеќе пари од државата, со цел да се зачуваат бројни работни места.
„Конгресот и Белата куќа не успеаја да најдат компромис за новиот пакет економски стимулации, што ќе вклучува поголема федерална помош“.
Патнички авиокомпании и нивните синдикати лобираат да добијат пари за даночните обврзници за плати на работниците уште шест месеци, поточно до март 2021 година. Овој сегмент, сепак, не е единствениот погоден во таа мера. Дизни објави 28.000 отпуштања претходно оваа недела, само во Соединетите држави, бидејќи парковите и одморалиштата не можат да работат поради пандемијата.
Покрај тоа, Шел рече дека укинува 9000 работни места, па дури и „Голдман Сакс“ продолжува да ги процесира отказите кои биле „паузирани“. Инвестициската банка планира да елиминира околу 400 работни места или помалку од 1% од својата работна сила.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.