Јанева, својата кариера во Обвинителството во Гевгелија ја започнала во 2003 година како помошник обвинител. Во 2009 е именувана за обвинител.

Објавил: Сара Фемина | 22 август, 2019 23:00

ОВА Е ЖИВОТНИОТ ПАТ НА ЈАНЕВА: Од студиски патувања во САД, обуки во Италија до затвореник во Шутка!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Специјалната јавна обвинителка е уапсена вчера попладне во својот дом во Скопје. Нејзиното приведување е поврзано со случајот „Рекет“.

Катица Јанева (родена Делиџакова, на 9 февруари 1965 година) — специјален јавен обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во Македонија.

Татко ѝ бил претседател на Основниот суд во Гевгелија.
Студирала на Правниот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј од 1983 до 1989 година, а правосудниот испит го положила во 1996 година.
Во 1998 година, таа се вработила како стручен соработник во Судот во Гевгелија.

Јанева, својата кариера во Обвинителството во Гевгелија ја започнала во 2003 година како помошник обвинител. Во 2009 е именувана за обвинител. Во 2010 година е избрана од Советот на јавни обвинители за шеф на Основното јавно обвинителство Гевгелија.

Јанева завршила обуки за организиран криминал и корупција во Италија. Била на студиски патувања во САД и била едукатор на неколку програми на Академијата за судии и обвинители.

Катица Јанева (родена Делиџакова, на 9 февруари 1965 година) — специјален јавен обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во Македонија. Катица Јанева е родена на 9 февруари 1965 година. Татко ѝ бил претседател на Основниот суд во Гевгелија.

На 15 септември 2015 година на острана на Собранието на Република Македонија едногласно е избрана за специјален јавен обвинител кој ќе раководи со Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Нејзиниот избор за специјален обвинител, според некои извори, бил изненадување, зашто по Пржинските преговори во игра биле многу попознати правници.

Во 2018 година сестрата на обвинителката Јанева, Лилјана Делиакова е предложена од страна на Владата, а од Собранието е избрана за заменик-претседател на Комисијата за хартии од вредност.На позиција претседател на Комисјата е избрана Нора Алити (поранешната пратеничка на ДУИ и ќерка на лидерот на ПДП Абдурахман Алити)

Според изјавата на обвинителката Лиле Стефанова, но и според законот за СЈО сите Катица Јанева е единствената која има право да донесува одлики во име на СЈО. Во ова спаѓаат и одлуките за излегување од притвор и негова замена со домашен притвор, како и за враќање на пасошите на Сашо Мијалков и Јордан Камчев.

Оставката на функцијата специјален јавен обвинител ја поднесува на 15 јули 2019 година, неколку часа пред започнување на прес конференцијата од страна на (реовното) Основно јавно обвинителство во која двајца се осомничени за изнудување на големи суми на пари за влијание врз некој јавен обвинител. На конференцијата за печатобвинителката Вилма Русковска вели дека:

„Истражната постапка се води затоа што во периодот од месец ноември 2018-та, до април 2019-та, првоосомничениот искористувајќи го своето влијание врз јавен обвинител влијаел во истрага да се олесни постапката на едно осомничено лице, а второто лице континуирано договарало средби. На средбите, тие ги увериле сведоците дека првоосомничениот има влијание врз обвинителот и барале 1.500.000 евра за да го искористи тоа влијание. Тие пари, во два наврати им се исплатени. Средбите се одржувале на повеќе места, во домот на сведоците и на првоосомничениот. Биле побарани вкупно 8.000.000 евра за да се запре предистражната постапка, а доколку таа не биде запрена, за делото да има олеснителни околности, тогаш тој требало да им исплати 5.000.000 евра, во кои влегувале и претходно дадените пари.

Јанева завршила обуки за организиран криминал и корупција во Италија. Била на студиски патувања во САД и била едукатор на неколку програми на Академијата за судии и обвинители.

Останатите 4.000.000 евра било договорено да се исплаќаат суксесивно на четири рати.“
Истиот ден (15 јуни 2019) на граничен премин со Грција уапсен е Бојан Јовановски познат како Боки 13, а во Скопје уапсен е Зоран Милевски (Кичеец). Двајцата се ставени во притвор, а на Катица Јанева истата вечер одземен ѝ е едниот телефон.
Утредента (на 16 јули 2019) дел од вработените (обвинители и друг персонал) од СЈО одржуваат конференција за печат која ја предводи обвинителката Ленче Ристоска. Таа конференцијата за печат ја започнува со зборовите:

„Денес не стојам само во мое лично име тука, туку стојам во име на сите обвинители кои се зад мене, како и на дел од обвинителите кои ни се на годишен одмор. Тоа се: обвинителот Рустени, обвинителот Донев и обвинителката Фетаи меѓутоа стојам и во име на целиот истражителски тим и во име на цеокупната стручна служба од ова јавно обвинителство.“

Катица Јанева не е присутна на таа прес конференција.
На 21 август 2019 година била приведена и однесена во Кривичниот суд.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Правник

Во 2008 та година судот му одреди 20 години затвор за грозоморниот напад врз полициските Алфи што се случи во ноември истата година на паркингот пред ПМФ. Во нападот загина еден припадник на Алфите, еден остана доживотен инвалид а третиот има намалена деловна способност.

Судот ја укина доживотната казна на Алмир Дрпљанин за нападот на Алфите кај ПМФ

Денеска судот ја укина доживотната затворска казна за еден од најозлогласените криминалци...

Во вчерашната емисија „Што не е јасно?“ на „Алфа“, лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села потври дека премиерот Зоран Заев пред извесно време му понудил да го замени Али Ахмети и ДУИ и неговата партија да стане дел од власта.

СЕЛА ОТКРИВА – Заев ми понуди да го заменам Али Ахмети- но јас ОДБИВ

Села откри дека премиерот Зоран Заев му понудил да го замени ДУИ, но тој не прифатил. Во...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денес соопшти дека е поднесено обвинение за три слица во овој случај.

Најмалку 3 години затвор за делото за кое е обвинета Јанева

Казна затвор од најмалку три години пропишува кривичниот закон за делото за кое е обвинета...

Министерот Димитров на дебатата потсети дека земјава 14 години е кандидат за членство во ЕУ и дека сега повеќе од било кога е подготвена да добие датум за преговори.

Димитров: Доколку нема датум, Европа ќе испрати порака дека не е серизона

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска на панел дебата насловена...