Тој во моментов работи и во затворот во Идризово, а два пати во неделата доаѓа и во Истражниот затвор во Шутка.

Објавил: Перо Милчин | 17 септември, 2019 14:38

Ова е затворскиот пензиониран психијатар кој ја лекува Катица Јанева во Шутка!

Фото/Текст извор: ©мкд

Затворскиот психијатар Мирко Треневски кој пред половина година замина во пензија, повторно е вратен назад на работа.

Тој во моментов работи и во затворот во Идризово, а два пати во неделата доаѓа и во Истражниот затвор во Шутка.

Во овој затвор, меѓу останатите притворени лица, психијатарот Треневски ја следи и психичката состојба на поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева. Нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска тврди дека психичката состојба на Јанева е лоша.

Детали околу тоа што точно се случува со психичката состојба на осомничената Јанева од затворот не откриваат, но директорот на затворот, Есад Рахиќ за МКД.мк кратко изјави дека нејзината состојба секојдневно се следи.

Затворот во Идризово и Истражниот затвор во Шутка некое време беа без психијатар, бидејќи Треневски кој што работеше со затворениците околу 20 години замина во пензија.

Но, Здравствениот дом во Скопје под чија надлежност е вработувањето на лекарски персонал во затворите, одлучил пак да го врати Треневски на работа додека не најдат психијатар за постојано вработување.
Адвокатката на Јанева, Ирена Фрчкоска вчера најави дека ќе бара укинување на мерката притвор на нејзината штитеничка поради влошена психичка состојба.
Барањето за укинување на мерката притвор и определување на поблага мерка адвокатката најави дека денес ќе го достави до судот, а како гаранција ќе го понуди имотот на поранешната шефица на СЈО.
Јанева е во женскиот дел во Истражниот затвор во Шутка во посебен дел. Ќелијата ја дели со уште една притвореничка. Осомничена е во случајот „Рекет“, а од вчера освен што и престана мандатот во СЈО, повеќе не е ни обвинител во Основнотот јавно обвинителство во Гевгелија.
Тимот обвинители кои таа ги одбра да работат во СЈО од вчера со одлука на Советот на јавни обвинители за вратени во матичните обвинителства.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој се заблагодари на полициските службеници и на сите вработени во Министерството за внатрешни работи за професионалниот и одговорниот пристап во обезбедување на здравствената сигурност на граѓаните.

ЧУЛЕВ: Благодарност до граѓаните за високото ниво на одговорност и свесност кои ги покажаа во изминатиот период!

Владата на денешната седница донесе одлука со која oд утре целосно престанува да важи...

Сите лица во државен карантин може да направат тест и да бидат упатени во домашна самоизолација, вели Спасовски!

Кафулињата се отвораат во четврток: Укинат полицискиот час, од утре нема рестрикции на движењето!

Премиерот Оливер Спасовски на вечерашната прес конференција соопшти дека Владата...