недела, 26 мај 2019

MK/ EN/ DE



Станува збор за смртта на Ехуд Арие Ланиадо, кој починал за време на операцијата за зголемување на пенисот во Париз

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 март, 2019 22:16

Ова е најбизарната смрт: Познат милијардер умре додека му го зголемувале пенисот

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Ќе се согласите дека ова е најбизарната смрт. Имено станува збор за смртта на 65-годишниот Ехуд Арие Ланиадо, кој починал за време на операцијата за зголемување на пенисот во Париз.

Како причина за смртта се наведува срцев удар. Ланиадо кој бил голем трговец и милијардер, се одлучил да прави операција за зголемување на пенисот во засега неименувана приватна клиника во главниот град на Франција кога се случиле компликации во текот на операцијата, кои на крајот за жал се покажале како фатални.

Инаку смртта настапила во моментот кога во неговиот пенис била вбризгана супстанца, јавиле белгиските медиуми.

Инаку Ехуд Арие Ланиадо бил експерт за дијаманти кој ја започнал својата кариера во Африка во раните 90-ти.

Тој не одел на факултет, а пред тоа работел како масер во хотел “Hilton” во Тел Авив.

Инаку бил сопственик на компанијата “Omega Diamonds’, со седиште во белгискиот град Антверпен, од каде ја потврдиле неговата смрт.

“Збогум визионерски претприемнику. Со голема тага потврдуваме дека нашиот основач Ехуд Арие Ланиадо почина”, стои во соопштението од компанијата, пишува “Daily Mail”.

Ехуд Арие Ланиадо, во 2015-та година го продал најскапиот дијамант на светот познат како “Blue moon of Josephine”. Му го продал на хонконшки бизнисмен за 48 милиони евра.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Како што известија локалните медиуми планинарите цели 12 часа биле заглавени на Монт Еверест, поради метежот на врвот.

Трагедија на Монт Еверест: Загинаа тројца планинари поради метеж на врвот

Двајца планинари од Индија, калпан Дас (57) и Нихал багван (27), и 65- годишен планинар од...

Таа зборуваше и за тоа како нејзината партија ќе се обедине и ќе се опорави, и дека напорната работа за договарање за брегзит паѓа на нејзиниот наследник.

Политички потрес во Лондон: Тереза со солзи во очите ја потврди оставката:Заминувам на 7.јуни

Тереза Меј пред речиси 2 часа им се обрати на медиумите. Таа објави дека ја напушта функцијата...

Солберг веднаш го побарала службениот мобилен од министерот, а уредот бил префрлен на анализа во рацете на службите за безбедност.

Норвешки министер поднесе оставка поради носење службен телефон на одмор

Норвешкиот министер Пер Сандберг поднесе оставка бидејќи со себе го понел службениот...


Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial