„Имав температура неколку пати од 28 декември до 2 јануари. Бев во карантин“, започна Хуанг.

Објавил: Сара Фемина | 24 јануари, 2020 20:30

Ова е првиот пациент кој го преживеа смртоносниот вирус: Бев во карантин и преживеав на овој начин(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Првиот пациент кој се опорави од новиот коронавирус, 23-годишниот Хуанг, откри како изгледа неговиот третман и какви симптоми на болеста го натераa да замине во карантин.

„Имав температура неколку пати, од 28 декември до 2 јануари. Потоа заминав во карантин“, започна Хуанг.

Еден млад човек од Вухан, кој е вработен во локалната железничка станица Ханку, на околу километар оддалечен од рибниот пазар, се смета дека е извор на инфекции опасни по живот.

Првите симптоми тој ги имаше на 24 декември. Сепак, следниот ден ситуацијата се влоши. Тој зел боледување и отишол во локална болница, а лекарите му препишале инјекции пеницилин Г.

Потоа тој реши да се врати на работа, но веќе во автобусот на патот кон железничката станица, повторно се здоби со температура.

Првите симптоми ги имаше на 24 декември. Сепак, следниот ден ситуацијата се влоши. Тој зел боледување и отишол во локална болница. Лекарите му препишале инјекции пеницилин Г.

На 1 јануари тој отиде повторно во болницата „Унион Сити“, бидејќи се сомневаше дека има пневмонија.

Дополнителните тестови покажаа резултати далеку над очекуваните параметри, особено кога станува збор за функцијата на црниот дроб. Кога докторите биле известени дека неговото работно место е во близина на пазарот за морска храна, тие решиле да го пренесат во болницата Jининтитан, каде што се лекуваат повеќето пациенти со коронавирус.

Во тој момент, според неговите зборови, тој бил толку болен што не можел да се движи и да дише кислород цело време. Следните денови ги поминал во карантин.

„Јас бев првиот што се опоравив од критична состојба и ја напуштив болницата. Најбрзо закрепнав бидејќи бев млад. Имам само 23 години“, рече тој.

Не е познато колку лица се заразени од новиот вирус. Најновите официјални бројки говорат дека бројот на починатите достигна 26, а повеќе од 800 луѓе се заразени.

Повеќето од пациентите потекнувале од Вухан, а другите биле од претходен период.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Претставникот на полицијата Рајеш Синг изјави дека 10 лица починале на местото на настанот, а четворица починале во болницата.

Тешка несреќа во Индија: Се судрија камион и автобус – загинаа 14 лица, 35 се повредени(ВИДЕО)

Најмалку 14 лица загинаа, а 35 повредени во судир со автобус и камион во северна Индија,...

Таткото е единствениот преживеан од пожарот што го „проголта“ нивниот дом во Клинтон.

ГОЛЕМА ТАГА: Мајка и 6 деца изгореа во пожар- пламенот избил во семејната куќа, преживеа само таткото

Мајка и нејзините шест деца, вклучувајќи и едногодишно бебе, загинаа во пожар што избувна...