Еден од најпопуларните српски фолк-пејачи, Тома Здравковиќ, кој почина 1991 година, имаше две деца, ќерка и син.
Од првиот брак со Олгица, Здравковиќ ја добил ќерката Жаклина. Бракот на пејачот со Олгица траел кратко.
Тие се венчале 1963 година, а се развеле неколку месеци подоцна.
Жаклина е првото дете на Тома, и денес живее во Холандија. Мајка е на две деца. Таа често доаѓа во Србија на манифестации организирани во негова чест.
Синот на Тома Здравковиќ од бракот со четвртата сопруга Гордана, денеска живее со мајка му во Торонто. Александар Здравковиќ не се појави на премиерата на филмот за неговиот татко во Белград, но минатото многу зборуваше за односот со легендарниот пејач.
Александар првпат го посетил гробот на неговиот татко во 2016 година или 25 години по смртта на славниот пејач. За српските медиуми тогаш рече дека знаел дека неговиот татко бил многу болен, но дека сепак бил во шок кога починал.
На првата операција што ја имаше му извадија бубрег. Подоцна дознав дека можеби можеле да го спасат. Но, не го направиле тоа, па неговиот рак на простата метастазирал на вториот бубрег и потоа му остана само дијализата. Искрено, не верувам дека тој сакаше да живее така, да остане без бубрези и да го водат на дијализа. Тој не беше таков, сакаше да ужива во животот,рече Александар.
Синот на Тома, признава дека во периодот кога останал без него воопшто и не сфаќал колку неговиот татко бил популарен. Како што вели, Тома дома секогаш бил обичен човек.
Кога ќе дознаат чиј син сум прво ме прашуваат како растев без него. Некогаш се претставував како Александар Саша за да го избегнам товарот на презимето Здравковиќ. Бев многу млад кога тој почина, дури подоцна сфатив колку многу тој значи за музиката и за другите луѓе и што остави зад себеси. Дури кога наполнив 16-17 години, кога почнав да се вљубувам, почнав да ги сфаќам неговите песни. Наместо во парк некогаш со него одев во казино. Видов многу работи многу млад. Не ни знаев што се случува околу мене, рече тој во една прилика.
Александар завршил филмска школа во Торонто, а работи како тон-мајстор на концерти, но има и свое музичко студио.
Освен што соработува со познати канадски музичари, вели дека креира и сопствена музика, но неговите песни да бидат прифатени само доколку се доволно добри, а не затоа што е син на познатиот српски пејач.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.