По вчерашниот настан во центарот на главниот град Скопје кога еден скопјанец упати погрдни зборови кон група туристи од Кина се огласи и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов  кој го осуди ваквото однесување.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 јануари, 2020 9:50

Ова е срам за градот- Шилегов се извини на кинеските туристи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По вчерашниот настан во центарот на главниот град Скопје кога еден скопјанец упати погрдни зборови кон група туристи од Кина се огласи и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов  кој го осуди ваквото однесување.

Денешниот ксенофобичен испад на наш сограѓанин кон туристите во центарот на Скопје е срам за градот и земјата и е спротивност на се’ што Скопје е – град на солидарноста, космополитизмот и заедништвото.

Го нудам моето најдлабоко извинување во името на сите добронамерни Скопјани. Во Скопје нема да толерираме вакво однесување. Ги повикувам надлежните да поведат истрага за овој инцидент бидејќи остава сериозна дамка врз угледот на градот и земјата.

Драги Скопјани, бидете гостопримливи, почестете ги овие туристи со насмевка и отворена душа, ако ги сретнете низ градот.

Не’ на ксенофобијата и расизмот. Скопје отворен град. Град за сите !!!

За потсетување вчера на социјалните мрежи се појави видео на кое скопјанец вербално ги напаѓа Кинезите кои се на прошетка во центарот на Скопје.

Тој упати погрдни зборови кон нив извикувајќи  „Коронавирус, мрш од тука“и при тоа кажа неколку пцовки кон нив.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.