Д-р Басара во Германија заминала пред 17 години и тоа без да го познава германскиот јазик но денеска е една од најпознатите докторки во Европа и е директор во болницата Malteser St. Franziskus во германскиот град Фленсбург, пишува весникот ВЕЧЕР..

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 јули, 2019 18:42

Ова е српската докторка која излечила неколку илјади луѓе од рак, меѓу кои и околу 20-тина Македонци

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Професорката д-р Надежда Басара, е жената за која зборува целиот свет. Таа е една од најголемите експерти кога станува збор за трансплантација на матични клетки во Германија и Европа а до сега успеала да излекува неколку илјади тешко заболени пациенти.

Д-р Басара во Германија заминала пред 17 години и тоа без да го познава германскиот јазик но денеска е една од најпознатите докторки во Европа и е директор во болницата Malteser St. Franziskus во германскиот град Фленсбург, пишува весникот ВЕЧЕР..

д-р Басара пет години била на чело на трансплантациониот центар во Универзитетската клиника во Лајпциг. За доктор Басара не постои болест која не може да се излекува. Многу пациенти од Србија, Македонија, Црна Гора, се благодарни на нејзината професионалност и знаење во областа на медицината. 

Жељко Митровиќ, сопственикот на ПИНК телевизија е на листата на пациенти кои успеала да ги излечи Басара, а всушност главниот виновник за појавувањето на докторката Надежда Басара, во медиумите е познатиот српски водител во РТС, Дејан Деки Пантелиќ, кој исто така го излекувала од тумор на крајници.

Тој во едно свое интервју посочил дека во моментите кога се лекувал во Германија и кога му било многу тешко д-р Басара го охрабрила со зборовите: “Дејане, кај мене луѓето не умираат”.

Во Србија годинава по повод денот на државноста, д-р Басара е одликувана со златен медал за особени заслуги, а минатата година Црна Гора и доделила државјанство, заради заслугите во лекувањето на нивните пациенти. фото телеграф.рс

Инаку нејзината прва трансплатација била пред 13 години, кога успеала да излекува млад пациент од Србија кој бил болен од најтешкиот облик на акутна лимфобласна леукемија, филаделфија позитивна, пишува ВЕЧЕР.МК.

Басара успеала да го излекува  со помош на трансплантација на матични клетки и најстариот по години пациент од Балканот.

Во ексклузивното интервју на весникот Вечер, пред околу еден месец Басара открива како е да се работи во Германија. Поточно како таа била прифатена како Србинка?

-Во Германија, пред се, се цени работата и ако работите успешно ќе бидете прифатени. Меѓутоа, за да успеете како странец во Германија, а посебно како Србинка морав да бидам дупло подобра од нив.

Тоа не го гледаа секогаш со симпатии моите колеги, љубомората е човечка особина која постои дури и кај Германците. Пред 2 години, на пример во регионалниот весник имаше голема статија за недостаток на лекари во Германија и проблемите со вработување на странците.

Во рамките на статијата беше објавено дека јас им давам предност на пациентите од Србија во однос на германските, што е бесмислица за секој што го познава Кодексот на лекарската професија и Хипократовата заклетва, а посебно кој ме познава мене како лекар и човек на кој никогаш не му била битна националноста, бојата на кожата и вероисповедта на пациентот.

Патот до успехот е оптимално и сеопфатно лекување на пациентите со најдобрите можни методи кои постојат. Во Белград не можев да се помирам со фактот дека не можам да применам трансплантација на пациент од сроден или несроден донатор, а знаев дека со тој метод можам да го излечам.

Колкав е процентот на излекувани пациенти со малигни заболувања во вашата болница?

-За овие 4 години, колку што ја водам онкологија, хематологија, пневмологија, дијабетологија и интензивна медицина во болницата “Малтезер Ст. Францискус” во Фленсбург, процентот на излекувани малигни заболувања е 90%.

Извор ВЕЧЕР.МК

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Потребно е да се изврши интервенција со матични клетки во соседна Србија, Белград потточно во „IM CLINIC“ каде за тој медицински зафат се потребни 18.600€.

АПЕЛ: Да помогнеме на Игор кој живее во Кичево повторно да застане на нозе!

Овој човек секогаш бил хуман, а сега истиот има потреба од нашата хуманост! Игор Петрески...

Ќе ви дадеме список на намирници кои го чистат организмот од никотин и ја намалуваат потребата за цигари.

МОЌНИ НАМИРНИЦИ КОИ ГО ЧИСТАТ ОРАГНИЗМОТ ОД НИКОТИН: Пробајте, ништо нема да изгубите, а резултатите веднаш се видливи

Пушењето е многу штетно по здравјето, а неговите последици можат да траат со години. Со...

Уште од дамнешни времиња, Индијанците ја користеле оваа блка за лекување на крварења, рани и инфекции, а според Ајуверда и Кинеската медицина, ајдучката трева позитивно влијае врз работата на слезината, црниот дроб, бубрезите и уринарниот тракт.

Ајдучка трева- делотворен лек за многу болести

Речиси и нема човек кој не ја видел оваа магична билка која е наречена ајдучка трева....

Имено, последните истражувања покажале дека SIBO бактеријата ја имаат до 15 отсто од популацијата, а дел од нив мислат дека се здрави. Таа ја забавува работата на стомакот и цревата и расте во нив.

Надуен стомак, болки и гасови – можно е да ја имате оваа опасна бактерија без да сте свесни за тоа

Ако ви е сотмакот постојано надуен, имате гасови и проблеми, болки и тегоби, тогаш можно...