
Македонија
Вести
На денешен ден пред една година се случи страшната сообраќајна несреќа кај селото Ласкарци, која сите нас не научи на поголема хуманост и солидарност. Не научи да си помагаме кога е најпотребно и да се грижиме едни за други, пишува на социјалните мрежи министерот за здравство Венко Филипче.
Минатата година, Седат успеа да ја најде патничката на која ѝ помогнал да преживее под автобусот кој се преврте кај Ласкарци.
Неговата најголема желба била Јасмина да биде жива. Заеднички ја најдовме и бев сведок на емотивниот момент кога таа го запозна човекот што ѝ го спасил животот.
Утрово се сретнав со Седат и Јасмина. Таа се заблагодари за целокупната грижа од страна на медицинскиот персонал затоа што е повторно жива. Во вакви тешки моменти се гледа хуманоста и добрината, се гледа пожртвуваноста да се помогне. Тоа се моменти што не потсетуваат дека тука сме да помогнеме еден на друг.
На тој ден, целокупниот здравствен систем беше активиран за 15 минути и здравствените работници направија сѐ за да ги спасат животите на тешко повредените.
Најдлабока благодарност за сите здравствени работници кои го дадоа својот максимум за да ги спасат човечките животи на нашите сограѓани, пријатели, роднини. Најголема благодарност за професионалноста и медицинската стручност. Никогаш повеќе да не ни се случи ваква трагедија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.