Синот на Бранко, Љупчо Црвенковски не се експонира во јавноста, не гради политичка кариера како неговиот татко, а и социјалните мрежи ретко ги користи.

Објавил: Сара Фемина | 28 октомври, 2020 8:03

Ова е Јасна, убавата сопруга на Бранко Црвенкоски(ФОТО)

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Поранешниот претсесател на Република Македонија и поранешниот лидер на политичката партија СДСМ, Бранко долги години е во среќен брак, заедно со сопругата Јасна Црвенковска и има две деца, синот Љупчо и ќерката Марија!

Синот на Бранко, Љупчо Црвенковски не се експонира во јавноста, не гради политичка кариера како неговиот татко, а и социјалните мрежи ретко ги користи.

Тој има дипломирано на Економскиот факултет на државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Поранешниот претседател на Република Македонија Бранко Црвенковски неодамна три дена беше домаќин на поранешните претседатели на земјите од Балкан во Охрид.

Црвенкоски заедно со гостите, можеше да се види по охридската чаршија, кафетерии, но и покрај брегот на Охридското Езеро.

Активната политичка кариера на Бранко Црвенковски започнала во 1990 година, кога станал член на Претседателството на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).

На третите вонредни Претседателски избори во Република Македонија, во вториот круг одржан на 28 април 2004, Бранко Црвенковски бил избран за претседател на државата.

Црвенковски, кандидат на СДСМ и тогашен премиер на Република Македонија освоил 553.520 гласови, или 62,70% од гласовите, додека неговиот противкандидат Сашко Кедев, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, освоил 329.271 гласови, или 37,30%.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Таа и нејзиниот син, принцот Чарлс, заработуваат најмногу од својот имот и парите што ги добиваат од Парламентот.

ГОЛЕМО БОГАТСТВО: Еве од што всушност живее британското кралско семејство и од каде потекнуваат нивните милиони

Британското кралско семејство има повеќе извори на приход, а кралицата е „тешка“...