Мода
Женска
Сопругата на актуелниот американски претседател, Меланија Трамп блескаше на божиќната вечера во Флорида.
Првата дама на САД, ги засени присутните со елегантен црн фустан кој ги означи и истакна нејзините совршени облини.

Носеше високи црни салонки и сребрен скапоцен ѓердан. Познатиот пар угости пријатели и роднини во приватниот ресорт Мар-а-лаго во Палм Бич, Флорида.
Меланија Трамп е првата дама на САД. Пред да се омажи за претседателот Доналд Трамп во 2005 година, таа работела како модел.
Родена е во градот Ново Место во Словенија, тогаш позната како Социјалистичка Република Словенија во рамките на Југославија.
Таа станала постојан жител на САД во 2001 година, а добила државјанство во 2006 година.
Трамп е првата натурализирана американска граѓанка која станала прва дама, а втора прва дама која е родена во странство, првата е Луиза Адамс која е родена во Лондон.
Првата дама на САД, Меланија Трамп неодамна на социјалните мрежи обелодени како е украсена Белата куќа.
Оваа година пораката е „Биди најдобар“, а во декорацијата доминираат светилки и украси во бела боја. Секако, не се исклучени и црвената и сината.
Меланија се облече во комплетно бел стајлинг, кој подразбираше бел плетен фустан што ја следеше витката линијата на телото и бела наметка.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Женска
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.