Жителите на Монталдо Торинез, село во северниот италијански регион Пиемонт, се поштедени од вирусот корона,а како што се верува, тие биле заштитени заради „чудесната вода“ која, според легендата, ја излечи армијата на Наполеон Бонапарта од пневмонија.
Селото се наоѓа на 19 километри од Торино, каде неколку илјади луѓе се заразени со вирусот корона.
Се верува дека водата од бунарот во ова село, со население од 720 жители, помогнала во закрепнување на Наполеон, кој поставил камп таму во јуни 1800 година пред битката во блискиот Маренго.
“Според легендата, генералите на Наполеон страдале од пневмонија. Сепак, благодарение на чистиот воздух и чистата природна вода, тие се излекувале. Од тогаш па наваму, се верува дека водата е лековита. Но, денес тој бунар е затворен и од неа се користи вода само за наводнување на нивите. Не можете да пиете од него“, рече Серџо Гаоти, градоначалникот на ова место, за„ Гардијан “.
Како што се сеќава, Наполеон и неговите трупи ја добија битката против австриските сили во Маренго.
Во селото Монталдо Торинез претежно живеат стари лица, но има и млади семејства кои патуваат во Торино за работа.
Гајоти посочува дека чистиот воздух и здрав животен стил се со голема веројатност причини за отсуството на вирусот корона, како и неговите предупредувања до жителите за ризикот од инфекција и ширење на сите семејства.
Според него, во селото речиси и да нема индустрија и повеќето се занаетчии.
“Од почетокот на епидемијата, ставам известувања во поштенските сандачиња на луѓето со упатство за тоа како да се заштитат од коронавирусот, и како да се чуваат и да бидат безбедни. Посочувам на редовно миење на рацете и избегнување на директен контакт. Ние бевме првите во оваа област што им дававме маски на сите на семејствата, “, рече Гјуот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.