Како што раскажува човекот, неодамна во неговата бања во семејната куќа во населба Црвена нива, во атарот на село Кошари, влегол смок со должина од околу два метри, кој со помош на соседот успеале да го отстранат од домот.

Објавил: Валерија Петрова | 7 август, 2019 18:25

ОВА ЛЕТО ЗМИИТЕ КОШМАР ЗА МАКЕДОНЦИТЕ: Смок од два метри влезе во бањата на чичко Миодраг, вакав слична ситуација се случи и во амбулантата во Ѓорче – пациентите бегале на сите страни

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Миодраг Миленковски од Крива Паланка раскажа како во неговиот дом дошла непоканета гостинка – змија, за среќа неговиот сосед Доне Стојановски дошол на помош и успешно се справиле со непоканетата гостинка во домот.

Како што раскажува Миодраг, неодамна во неговата бања во семејната куќа во населба Црвена нива, во атарот на село Кошари, влегол смок со должина од околу два метри, кој со помош на соседот успеале да го отстранат од домот.

– Беше топло, нешто по пладне, околу 13 часот. Бев на работа, кога ми се јави сопругата, ужасната, исплашена и видно вознемирена, викајќи ме итно да дојдам дома. Побрзав и кога стасав ми покажа на бањата, отворајќи ми ја вратата. И јас се исплашив кога видов, смок, сиво- црн, со жолт труп, стои обвиткан околу водоводната цевка. Не знаејќи што да правам, со еден стап се обидов да го избркам, но тој влезе под кадата. Го повикав соседот Доне Стојановски, бидејќи знам по кажувања од негова страна дека имал искуство со змии и влекачи. Дојде, па заедно ја отстранивме кадата, а смокот повторно се врати на цевката и се обвитка околу неа. Доне храбро, со заштитни ракавици умешно го фати жив смокот со рацете, за глава и опаш, за среќа без да има какви било несакани моменти, изјави Миленковски.
Вели дека дваесет години живее во куќата, а досега првпат има ваков случај, немал забележано ниту во близина на домот влекачи.

Чичко Доне раскажува дека не му било страв да го улови смокот.

Не ми беше страв, видов дека е смок, го распознав и дека е мажјак, има позаоблена опашка. Го фатив и го однесов надвор, а тој се качи на едно блиско дрво, па се спушти и исплашено побегна каде што треба да биде, во шумата. Сум имал повеќе ситуации уште од младоста, да бидам во близина на смок змија. Еднаш спасив една млада жена, доилка од женка- смок, морав да ја отепам, а смочицата всушност имаше во себе околу 15 јајца кои најверојатно ќе ги положила и ќе изведеше мали смоци. Другпат при ископ на камен отепав змија, рече Доне Стојановски.
Смокот успеал да се провре низ дел од дотраената мрежа на прозорецот од бањата и влегол внатре, но за среќа успешно е отстранет.

Пред месец дена змија влегла во амбулантата во Ѓорче Петров, пациентите почнале панично да бегаат.

Во амбулантата бил десетина пациенти кои биле сведоци на несекојдневната ситуација, доека луѓето чекале ред, змијата ввлегла во амбулантата и настанала вистинска паника.

Веднаш биле повикани од ДСЗИ и бил направен вонреден иснпекциски надзор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Зошто Орце Камчев цела година откако почнал рекетот, а десет месеци откако го дал исказот пред Вилма Русковска, дури сега го споменува името на обвинетлката Лиле Стефанова, инаку надлежен обвинител во случајот „Империја“?

Како ЛИЛЕ СТЕФАНОВА стана МЕТА на Орце Камчев?

Инфомакс прашува зошто обвинителката Лиле Стефановска стана мета на бизнисетнот Орце...

Премиерот з амедиумите истакна дека оваа власт покрај инвестирањето во нови градинки, исто така се вложува и во луѓето кои ги обликуваат идните генерации.

Премиерот Заев отвори градинка во родното Муртино

Премиерот Зоран заев вчера отвори градинка во родното Муртино. Тој истакна дека за...