Ако сте забележале во вашата врска има сè помалку страст, можно е сами да сте виновни за тоа.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 јули, 2018 12:41

Ова се лошите навики кои што можат да ја угаснат страста кај партнерот

Фото/Текст извор: ©iStock / Vadimguzhva

Можно е сами да сте виновни за ова. Прочитајте зошто исчезнала страста од вашата врска

Иако љубовта е најважното нешто во врската, страста исто така игра важна улога. Кога ќе исчезне страста, со текот на времето и љубовта избледува, а сигурни сме никој не го посакува тоа за себе и својот партнер. Ако сте забележале во вашата врска има сè помалку страст, можно е сами да сте виновни за тоа. Понекогаш некои ваши лоши навики и здравствени проблеми можат да влијаат на намалувањето на сексуалната желба. Ова се шесте можни виновници за исчезнувањето на страста од врската…

Лоша исхрана
Ако сте на диета поради доаѓањето на летото, можно е да не јадете доволно што може да ја намали сексуалната желба. Тоа е сосема логично, бидејќи намаленото внесување калории во телото ја намалува енергијата и може да ја изгубите потребната сила.

Недостиг на сон
И ова е сосема логично. Ако спиете помалку од шест часа дневно, навечер најверојатно ќе бидете поспани и нема да бидете расположени за секс. Недостигот на сон влијае негативно на машкото либидо, бидејќи доаѓа до забавено лачење на тестостерон, што ја намалува сексуалната желба.

Контрацепциски пилули
Многу истражувања докажале дека контрацепциските пилули можат драстично да ја намалат желбата за секс кај жените.
Прејадување
Ако сте склони кон прејадување, мали се шансите дека ќе имате желба да бидете интимни со партнерот, особено ако јадете храна полна со заситени масти што може да го намали дотокот на крв во половите органи.

Стрес
Едно истражување покажало дека уморот и стресот се главните виновници за намалената сексуална желба кај 60% од жените. Истата причина се споменува и за намалената сексуална желба кај мажите.

Депресија
Депресијата, исто како и стресот, влијае негативно на многу аспекти од животот, па така и на либидото.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Секс

Колку повеќе сте возбудени, толку полесно ќе уживате во сексот. Затоа дајте си време и потполно посветете и се на предиграта додека не бидете доволно влажни и возбудени.

Уживање во сексот со голем полов орган !

Ако сакаме да бидеме искрени, секоја жена би била пресреќна со партнер чија машкост...

Станува збор за смирувачката „баласана поза“ идеална за оние кои сакаат да ја ослободат својата внатрешна сексуалност, без разлика дали практикуваат јога.

СЕКС-ПОЗА за силен оргазам на жените (ФОТО)

Во природата на човекот е да го подобри секој аспект во животот, па ни сексот не е исклучок....

Сакате да ја вжештите атмосферата зад затворени врати? Еве неколку сознанија кои ќе ви ги интензивираат возбудата и желбата за уште поголема интимност:

КАКО ДО ПОЖЕЖОК СЕКС: ДОЗНАЈТЕ ЈА ТАЈНАТА ЗА СТРАСНИ СЕКСУАЛНИ ОДНОСИ!

Сакате да ја вжештите атмосферата зад затворени врати? Еве неколку сознанија кои ќе...

Не е препорачливо да имате див секс, особено не кога жената ќе влезе во третото тримесечје од бременоста, но сепак, повеќето работи поврзани со сексот се изводливи.

Секс пози во текот на бременоста!

Замислете си дека не сте имале секс девет месеци. Но, зошто воопшто би помислувале на...