Не пропуштајте да им го честитате овој голем празник на вашите најдраги личности, а за тоа можете да ги искористите овие божиќни пораки.

Објавил: Владо Марин | 6 јануари, 2023 9:58

Ова се најубавите 15 божиќни пораки!

Фото/Текст извор: ©магазин

Модерната технологија го промени начинот на живот, а недостатокот на слободно време доведува до тоа Божиќ сѐ почесто да се честита со испраќање пораки преку мобилните телефони.

Не пропуштајте да им го честитате овој голем празник на вашите најдраги личности, а за тоа можете да ги искористите овие божиќни пораки.

1. Срцето на човекот го смислува неговиот пат, а Бог управува со неговите чекори! Сѐ што правите, каде и да одите, нека биде благословен вашиот пат. Среќен Божиќ!

2. Дозволете Бог да се всели во вашето срце, љубовта во вас да се раѓа секој ден, затоа што Божиќ станува видлив во секоја љубов помеѓу луѓето. Христос се роди!

3. Нека тишината на овој свет ден ви донесе мир во надежта, радост во животот и љубов за оние со кои живеете! Од срце ви посакувам мирни денови. Христос се роди!

4. Нека сребрените зраци од божиќното утро го осветлат вашиот подарок составен од здравје, среќа, мир и љубов. Христос се роди!

5. Божиќ доаѓа, ни се приближува Бог. Нека ве грее огнот на среќата, постојано во куќата да ви цвета радост, нека светиот крст во животот ве води, Христос се роди!

6. Нека целата година ве прати чувство на љубов, среќа, топлина и потреба за блиските да бидат до вас. Среќен Божиќ!

7. Денес опростете им на оние кои ви згрешиле, подарете им љубов на најблиските, помогнете им на тажните, а на полноќ погледнете во небото – ќе видите ѕвезда што оди и тивко изговорете Христос се роди!

8. На тивката божиќна ноќ, нека во вашето срце се всели радост, љубов и надеж. Бидете здрави, силни и полни со среќа. Среќен Божиќ!

9. Денес радоста доаѓа од небото и тоа е она што ви треба. Бидете исполнети со здравје, насмевки и љубов. Имајте мир во вашиот дом. Среќен Божиќ!

10. Кога последната свеќа на Бадник догорува, слушај го срцето што ти зборува, нека радост и среќа во животот те води, среќен Божик, Христос се роди!

11. Божјата милост насекаде нека ве прати, нека за доброто со добро ви се врати, Христос насекаде да ве води, Среќен Божик, Христос се роди.

12. Денешниот блажен ден нека ви биде радосен! Божиќ вратата да ви ја злати, секогаш среќа нека ве прати. Ангел срцето кон љубов нека го води, мир божји, Христос се роди!

13. Нека бадниковата вечер го избрише сето она што сакаш да го заборавиш, а божикното утро ти исплете венец од здравје, среќа, љубов и божји благослов!

14. Како што бадниковиот оган се ложи, во вашиот дом среќа да се множи, нека светла ѕвезда во животот вас ве води, зашто денес е Божик – Христос се роди!

15. Рана зора додека се руди, коледарска песна ве буди, среќа и радост Бог нека дари, полна софра, а и многу пари. Сите да ве служи здравје, бадниковата вечер да ви е на здравје! Бериќет и касмет в куќи да ви царува, со здравје и љубов Господ да ве дарува!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Покрај за субвенциониран оброк студентите бараа и подобри услови во студентските домови, а министерот Шаќири по завршувањето на средбата изјави дека онаму каде состојбата е алармантна ќе се интервенира во најбрз можен рок, додека етапно ќе се работи и на подобрување на условите во сите студентски домови.

Студентскиот субвенциониран оброк ќе продолжи да функционира по старите критериуми

Студентскиот субвенциониран оброк ќе продолжи да функционира по старите критериуми,...

-Денот кога е формирана македонската револуционерна организација, подоцна ВМРО, која е константа на борбата на македонскиот народ за слобода и независност на Македонија.
Ако во една реченица треба да се

Мицкоски: 129 години ВМРО, борба за Македонија која трае, честит празник Македонијо

Лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски со фејсбук објава го честите...