Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за половина денар.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 октомври, 2020 3:17

Ова се новите цени на нафтата од полноќ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,39 отсто.

Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за половина денар.

Со ова, новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ од утре ќе изнесува 58,50 денари за литар, малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ ќе изнесува 60,50 денари за литар, додека малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50 денари за литар.

Малопродажната цена на дизелот останува иста, односно 50,50 денари за литар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.