Членовите на екипажот го сочинуваа командант Денис Евдокимов, копилот Максим Кузнецов, Татјана Касаткина, Максим Моиејев и Ксенија Вогел.

Објавил: Перо Милчин | 6 мај, 2019 19:54

(ВИДЕО)ОВА СЕ ПИЛОТИТЕ ХЕРОИ кои ги спасуваа патниците од запалениот авион!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Членовите на екипажот на запалениот авион во Русија, останаа до крајот на своето работно место, се додека последниот патник не беше евакуиран. Тие активно и храбро учествуваа во спасувањето на патниците.

На социјалните мрежи се споделуваат нивните фотографии, а според коментарите тие се прогласени за херои. Членовите на екипажот го сочинуваа командант Денис Евдокимов, копилот Максим Кузнецов, Татјана Касаткина, Максим Моиејев и Ксенија Вогел.

Објавени снимки од внатрешноста на рускиот авион кој се запали на аеродромот во Москва

Инцидентот во Русија се случил во 18 и 40 часот по локално време. Многу од патниците во авионот почнале да врескаат кога виделе што се случува. Авионот на „Аерофлот“, кој полетал од Москва кон рускиот град Мурманск, бил принуден да се врати на „Шереметјево“ кога пријавил дека има проблеми по помалку од половина час по полетувањето.

Поради тешката несреќа, во Русија е прогласена тридневна жалост. Повеќето од загинатите патници во несреќата се задушиле од чадот. Руските медиуми објавија снимки од внатрешноста на авионот кој вчера се запали на писта на аеродромот „Шереметјево“ во Москва. Во пожарот загинаа 41 од 78 патници и членови на екипажот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.