Се очекува наскоро да се одржи и првата основачка седница на Националниот совет за безбедност со новите имиња предложени од претседателот.

Објавил: Перо Милчин | 19 мај, 2019 16:26

Ова се првите луѓе и соработници на Пендаровски во неговиот кабинет !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Стево Пендаровски веќе ги постави кадровските основи на неговиот кабинет. Генерален секретар на претседателската служба е досегашниот владин портпарол Миле Бошњаковски. Извори од кабинетот на Пендаровски за телевизија Сител откриваат и нови сигурни имиња кои ќе му служат на претседателот.

Како што објави телевизија Сител, Александар Спасов професорот по вовед во право ќе биде надворешен соработник за стручни, научни мислења и совети. Тој беше надворешен советник и на премиерот Зоран Заев, но кај Пендаровски ќе работи за надоместок. Еден од советниците на Пендаровски ќе биде директорот на инсититутот Прогрес – Тоше Зафиров.

Зафиров ќе го советува претседателот Пендаровски за внатрешна политика. Односите со јавност на претседателот ќе ги води поранешната новинарка Катерина Цаневска.

Наскоро се очекува да се одржи првата основачка седница на Националниот совет за безбедност со новите имиња кои ќе бидат предложени од претседателот на државата.

Стево Пендаровски лично ги води разговорите со оние кои би биле дел од неговиот кабинет. Генералниот секретар од времето на Ѓорге Иванов – Борис Јосифовски добил ново решение – државен советник во кабинет на поранешниот претседател. Наредната недела Пендаровски ќе побара вонредна финансиска контрола од Државниот завод за ревизија, а ќе повика и вонредна инспекција од Управниот инспекторат за документите, архивата и постапките од времето на Иванов.

Пендаровски ги оствари и првите државнички активности. Освен средбите со странски државници на денот на инаугурација, шефот на државата имаше и средба со евромабсадорот Жбогар, а пред неколку дена и со премиерот Зоран Заев. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Апликацијата „Мој Воздух“ завчера покажа дека најголемо присуство на ПМ 10 честички има во населбата Ново Лисиче и кај Ректорат.

АЛАРМАНТНА СИТУАЦИЈА-МАКЕДОНИЈА СЕ ГУШИ: Ова се најзагадените градови

Воздухот во нашата земја и денеска е загаден, а според мерењата на прво место се наоѓа...

Благодарение на политиките на Владата предводена од СДСМ и програмата за едно општество за сите, денес сите заедно живееме и функционираме.

АНГЕЛОВ: СДСМ го отвори патот кон иднината, благодарение на нив сите заедно живееме и функционираме

„Нема поголем патриотизам и почит кон државата од она што се направи во изминатите...

Моменталната проценка води дека гледаме можност за Македонија да започне преговори со ЕУ, а таква можност не гледаме за Албанија.

ЖЕЖОК ШАМАР ЗА АЛБАНИЈА ОД ХОЛАНДИЈА: Македонија може да започне преговори со ЕУ, Албанија НЕ

Амбасадорот на Холандија во Скопје, Дирк Јан Коп изјави дека неговата земја моментално...