Синоќа Америка го донесе пред лицето на правдата терористот број еден на светот. Абу Бакр ал-Багдади е мртов, рече Трамп на почетокот на обраќањето.

Објавил: Сара Фемина | 27 октомври, 2019 16:56

ОВДЕ Е УБИЕН АЛ БАГДАДИ: Оштетени многу куќи и возила(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најбараниот терорист на светот беше лоциран на тајната акција во селото Бариша, а умрел како што соопшти американскиот претседател Доналд Трамп, како кукавица во тунелот.

На видео снимката објавена после синоќешната акција, се гледа премногу оштетен камен и цигли расфрлани на сите страни.

Во обраќањето на американскиот претседател Доналд Трамп, тој изнесе детали за тајната воена акција во Сирија, каде американските војници го убиле водачот на ИД , Абу Бакр Ал Багдади.

Синоќа Америка го донесе пред лицето на правдата терористот број еден на светот. Абу Бакр ал-Багдади е мртов, рече Трамп на почетокот на обраќањето.

– Тој беше основач на ИСИС, најсуровата терористичка организација на светот, го баравме со години, неговото апсење и убиство беше врвен приоритет на мојата администрација. Нашите сили, во опасен и смел ноќен напад во северозападниот дел на Сирија во голем стил, ја завршија задачата, тие беа одлични. Никој од нив не беше убиен, додека многумина придружници на Багдади беа убиени, рече Трамп.

Синоќа Америка го донесе пред лицето на правдата терористот број еден на светот. Абу Бакр ал-Багдади е мртов, рече Трамп на почетокот на обраќањето.

Трамп откри и неколку детали за операцијата. Тој додаде дека операцијата траела два часа.

– Нашите кучиња го бркаа низ тунелот, а тој истрча и ги натера своите три деца да трчаат со него. Кога стигнаа до крајот на тунелот, активираше експлозивен елек, убивајќи се себеси и неговите три деца. Неговото тело беше осакатено, но на лице место утврдивме со анализа дека тој е дефинитивно тој. Негативецот, кој работеше толку напорно за да сее страв , во неговите последни моменти, беше преплашен и во паника, исплашен од гонењето , рече Трамп и додаде дека акцијата траела околу два часа.

– Земавме чувствителни документи за ИСИС, нејзиното потекло и планови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тајната служба исто така соопшти дека не зборува за методите на нејзините безбедносни операции.

САД ГОРИ СО ДЕНОВИ: Трамп во бункер поради немирите- демонстрантите ја обиколиле Белата Куќа!

Агентите на тајната служба го придружувале американскиот претседател Доналд Трамп...

Дерик е обвинет за убиство од трет степен, а убиството умисла го објави во петокот државниот обвинител од областа Хенепин, Мајк Фримен.

И родената жена го шутна расистичкиот убиец во униформа: Сопругата на полицаецот поради која гори Америка бара развод!

Сопругата на поранешниот полициски службеник во Минеаполис Дерик Човин поднесе барање...