Втората најголема земја што нема заразен со коронавирус е Северна Кореја, чие население брои 25 милиони луѓе. Сепак, земјата ставила во карантин 10.000 луѓе, а според медиумите, лидерот Ким Јонг-ун го напуштил Пјонгјанг за да го спречи потенцијалното заразување. Светската здравствена организација изјавила дека се сомнева дека има случаи на коронавирус во земјата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 март, 2020 17:54

Овие држави успеаа да се заштитат- тука нема ниту еден заразен со коронавирус!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Како што коронавирусот продолжува да се шири низ светот, многу земји преземаат мерки за да ги намалат последиците и да го спречат дополнителното заразување на населението. Но има земји во кои нема случаи на заразени со коронавирус.

Според податоците, само 22 земји во светот може да се пофалат дека немаат ниту еден случај на заразен со коронавирус во нивните граници. Сите овие земји се во Африка, Азија и Океанија.

Јемен, со население од околу 29 милиони луѓе, е најголемата држава по број на жители што сè уште нема случај на коронавирус.

Додека Светот стравува и е прогласена пандемија на Коронавирус неколку земји воопшто немаат регистрирано ниту еден случај…

Втората најголема земја што нема заразен со коронавирус е Северна Кореја, чие население брои 25 милиони луѓе. Сепак, земјата ставила во карантин 10.000 луѓе, а според медиумите, лидерот Ким Јонг-ун го напуштил Пјонгјанг за да го спречи потенцијалното заразување. Светската здравствена организација изјавила дека се сомнева дека има случаи на коронавирус во земјата.

Во африканската земја Малави нема коронавирус, но претседателот Питер Мутхарика го прогласил вирусот за национална катастрофа за да го спречи потенцијалното ширење на вирусот во земјата. Сите училишта и факултети се затворени и забранети се јавните собири со повеќе од 100 лица.

Бурунди во март ги забрани сите меѓународни летови за да го спречи влегувањето на вирусот во земјата. Јужен Судан ги затвори сите аеродроми и граници во обид да се заштити од вирусот.

Во продолжение следуваат сите земји во кои не се пријавени случаи на коронавирус.

Африка: Малави, Бурунди, Јужен Судан, Сиера Леоне, Боцвана, Лесото, Коморски Острови, Сано Томе-и-Принсипе.

Азија Јемен, Северна Кореја, Таџикистан, Туркменистан.

Океанија, Соломонски Острови, Вануату, Самоа, Кирибати, Микронезија, Тонга, Маршалски Острови, Палау, Тувалу, Науру.

Извор: Курир.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Иницијатор за поднесување на барањето е д-р Алемпијевиќ, професор по судска медицина на Медицинскиот факултет во Белград, а него го поддржаа уште шест колеги и еден лекар во пензија.

НЕСТОРОВИЌ ОСТАНУВА БЕЗ ДОКТОРСКА ЛИЦЕНЦА: Ќе поднесам тужба!

Против проф. Д-р Бранимир Несторовиќ, член на Кризниот штаб за борба против коронавирусот,...

Според АП, тој оценил дека „во американската историја е без преседан толку мал број на корпорации кои контролираат толку голема сфера на човековите интеракции“.

ТРАМП ПОТПИША УРЕДБА ЗА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Имаа неконтролирана моќ да цензурираат, ограничуваат, креираат и кријат!

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ со кој се ограничува заштитата...