Недела

Објавил: Калина Мартинска | 10 јануари, 2025 16:29

Одбележување на 17-годишнината од хеликоптерската несреќа во која загинаа 11 припадници на Армијата

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

На 12 јануари 2025 година со почеток во 10,00 часот, делегација од Министерство за одбрана и Генералштабот на Армијата, составена од министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ќе положат венец со свежо цвеќе на спомен-обележјето во Катлановско Блаце, по повод седумнаесетгодишнината од хеликоптерската несреќа во која загинаа единаесет припадници од составот на воздухопловниот ВИНГ.

Припадници на воздухопловниот ВИНГ ќе положат свежо цвеќе и на спомен-обележјето пред командата во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.

Во хеликоптерската несреќа, пред седумнаесет години, враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА трагично ги изгубија животите потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ и Александар Тасковски, водниците Мики Ивановски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељаноски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.