
Македонија
Вести
Премиерот Христијан Мицкоски на централната прослава на Мечкин Камен во Крушево, претседателката Гордана Силјановска Давкова во меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, па со српскиот колега Александар Вучиќ во манастирот Свети Прохор Пчински, собранискиот спикер Африм Гаши на Кале во Скопје. Ова е агендата за одбележување на Илинден на највисокиот државен врв. Се очекува да бидат испратени пораки за обединување и зачувување на националните интереси на Македонците.
Покрај централните прослави на втори август одблежувањето на еден од најголемите македонски празници започна денови претходно. Пред шест дена од Скопје тргнаа традиционалните коњаници за Крушево.
Оваа година традиционалната коњаница има рекорден број учесници.
„Здружена коњаница патот на Црешовото топче, каде од Бигорски манастир тргнуваат околу 50 коњи за прв пат. Инаку коњаницата е формирана пред 15 години, почнавме со четири коњи, во моментов имаме 50 коњи“.
Коњаниците веќе се пристигнати во Крушево, а официјалниот пречек е пред црквата Свети Никола .
„Сите здрави и живи пристигнати, со голема благодарност до сите оние кои не пречекаа денеска, значи и во градот Крушево. Како што знаете денеска тука се собравме околу 120 коњаници, 40 коњаници од Лисиче, 20 од Кичево, 20 од Битола и останатите 40-тина од Гостивар, Бигорски манастир, Струмица итн“.
Чествувањето на 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република почнува веќе денеска во Крушево со низа свечености. Делегации ги посетија спомен куќата на Смилевскиот конгрес и споменикот на Дамјан груев, каде се поклонија и се положија свежи цвеќиња.
На свеченото отворање на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“, од на Гумење се чита крушевскиот манифест и се подигнува бајракот на Крушевската Република.
На 2 август почит ќе им биде оддадена на претседателот на Крушевската Република Никола Карев, на неговото вечно почивалиште во Македониумот, на загинатите борци кај месноста Слива, а во нивни спомен ќе се одржи и панихида во крушевската црква „Свети никола“. Централното честување е на Мечкин Камен е утре од 12:30 часот каде ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.