Пратеникот Груби посочи дека државата ќе се обиде да го врати Груевски на отслужување казна затвор, но тоа не ги амнестира од одговорност оние кои дозволиле да пребега

Објавил: Мартин Попоски | 23 ноември, 2018 12:32

Одговорноста за бегството на Груевски е во нашата земја

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Шефот на кабинетот на претседателот на ДУИ, пратеникот Артан Груби истакна дека македонските политичари доволно се занимаваа со Унгарија и дека треба да се помират со фактот дека вината за бегството на Груевски е во Македонија.

Груби изјави:

Треба да се одреди одговорноста за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија. -посочи Артан Груби при гостувањето на емисијата „Патот кон“.

На прашањето на новинарката од емисијата „Патот кон“ дали одговорноста првично треба да ја бараме во нашата земја, Груби одговори „Апсолутно. Зашто не требаше да биде дозволено тоа осудено лице да замине од Република Македонија и да бара азил во една земја на ЕУ“.

Oдговорноста почнува од кај нас на начин да се обелодени целиот процес на неговото бегство, сега не ми текнува датумот, бидејќи целата јавност чекаше поранешниот премиер да си ја отслужи казната за која беше осуден од судот како последица на процеси кои произлегоа од нелегалните прислушувања од 2015 година па навака.

Ценам дека нашите институции, особено министерство за правда но и Владата, треба да направат се преку институциите во Брисел и при директните контакти со унгарските органи да го вратат Груевски во Македонија на начин да докажеме дека во нашата земја има промена на менталитетот. И во нашата земја нема веќе никој кој е над законот, но сите одговараат исто. – рече Груби.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ременски вели дека со Бојан Јовановски, таа се запознала сосема случајно во периодот кога тој сакал да и се заблагодари поради спасот на неговата мајка која работи во Труд и социјална политика.

Ременски: Боки го запознав случајно, ми се заблагодаруваше бидејќи ја “спасив” неговата мајка

Фросина Ременски, поранешната пратеничка и потпретседателка на Собранието, која ја...

На 88-годишна возраст, во неделата во Охрид почина Томислав Кичеец, доајен на адвокатурата во Охрид и Македонија.

Почина легендата на адвокатурата во Охрид и Македонија Томислав Кичеец

На 88-годишна возраст, во неделата во Охрид почина Томислав Кичеец, доајен на адвокатурата...