„Феноменот на „нон-пејперите“ и сега овој проект за „Илирида“ кој повторно се иницира, се промотори на националистичките политики во регионот, и не само во регионот кога затајува Европа“, оцени премиерот Заев во интервју за ТВ Клан Македонија.

Објавил: admin@magazin | 1 јуни, 2021 7:52

Одговорот на проектите за големи држави и нови граници на Балканот треба да го даде ЕУ со засилување на евроинтеграциските процеси за регионот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Феноменот на „нон-пејперите“ и сега овој проект за „Илирида“ кој повторно се иницира, се промотори на националистичките политики во регионот, и не само во регионот кога затајува Европа“, оцени премиерот Заев во интервју за ТВ Клан Македонија.

„Тоа е сигнал и за Бугарија и за Брисел дека треба поинтензивно да го продолжат процесот на интеграција на регионот во ЕУ. Тоа е исполнување на долгот кон Западен Балкан, а кон Македонија тој долг е поголем 10 пати.

 Македонија е пример за земја која со својот концепт „Едно општество за сите“ ги обедини сите различни етнички заедници. Ние сме пример и за решавање на регионалните и соседските прашања. Горд сум на тоа што премиерката на Србија Брнабиќ вели дека Договорот од Преспа е модел и за решавање на отворените прашања меѓу Србија и Косово. Дополнително треба да ја засилиме иницијативата за регионалната соработка, но повторувам: Одговорот на проектите за големи држави и нови граници на Балканот треба да го даде ЕУ со засилување на евроинтеграциските процеси за регионот“, рече премиерот Заев и уште додаде дека националистичките проекти како оние што се промовираат во некои од нонпејперите како и обој за „Илирида“ не поминуваат и нема да добијат ниту претседател на месна заедница, а не советник во општина или пратеник.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Колегите и вработените во Општата болница Кочани, кои се’ уште не можат да се соземат од шокот по трагедијата во која загинаа 59 лица, утрово се простуваат од Иле Гоцевски

Нова трагедија во Кочани: Вчера цел ден пренесувал повредени, денес не се разбудил

Колегите и вработените во Општата болница Кочани, кои се’ уште не можат да се соземат...