
Македонија
Вести
На граничниот премин Меџитлија кај Битола, завчера на 9ти Јули, од страна на Министерството за внатрешни работи одземена му е патната исправа на српскиот егзарх Јован Вранишковски.
МВР не дало објаснување за одземање на пасошот, тврдат следбениците на екс владиката на МПЦ – ОА,
Според ПОА “таква дискриминација со одземање на патни исправи без никакво образложение, својствено е за правно неуредени држави, држави во кои нема никакво владеење на правото”.
“Дали е ова ќеф на владината врхушка, која само декларативно пред претставниците на Европската Унија се залага за владеење на правото, набрзо ќе се дознае, секако доколку јавноста се заинтересира зошто е направено такво беззаконие, какво што денес му се прави на Архиепископот охридски Јован, а утре на било кој друг”, прашуваат следбениците на Јован за кои Владата, од една страна декларативно вели дека подава рака кон секого, но во стварноста ги прекршува верските слободи и очигледно со ваквата дискриминација има намера да влијае врз организацијата на прославата 1000 години од основањето на Охридската архиепископија.
Групата на Вранишковски тврди дека со верскиот прогон, Владата го крши и Уставот и меѓународните конвенции, кои ги има потпишано, со што ја продолжува праксата на претходната Влада, за што, од Европскиот суд за човекови права во Стразбур неодамна ѝ беше наложено да ѝ плати оштета на Православната Охридска Архиепископија.
Одземањето на пасошот на Вранишковски е изненадување ако се знае дека најмалку тројца негови блиски соработници се на високи позиции во владата на Заев а еден е раководител на владиниот тим за пропаганда.
Ниту еден од директорите и функционерите активисти на ПОА кои работат во владата не изреагира јавно за инцидентот ниту понуди оставка во знак на револт за односот кон егзархот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.