Во рамки на фестивалот „Summerland“ денес преку ден е предвидена богата детска програма, а од 17:00 часот во ЗОО, Скопје влезот ќе биде бесплатен за сите.
Денес од 17:00, влезот во Зоолошка градина Скопје влезот ќе биде бесплатен за сите. Во 18:00, жителите ќе имаат одлична можност да ја погледнат претставата „Хакуна Матата во Зоо Парк“, возејќи се на вовче, пишува Скопје.инфо.
Летната забава на Школка, во четврток ќе започна со групата „Нокаут“, а викендов ќе биде резервиран за трибјут настапи- во петок, ЕКВ, Бјиело Дугме Трибјут и Ѓорѓе Балашевиќ Трибјут, во сабота и недела пак странски артисти кои прават светски шоуа со трибјути на Арктик Манкис и Џо Кокер и Ајрон Мејден и Металика. Фестивалот „Summerland” е под покровителство на Град Скопје.
Покрај музичките изведувачи кои настапуваат секој ден, во склоп на фестивалот има и Fun зона со друштвени и видео игри, флипери, фудбалчиња и табла. За најмладите има детско катче со едукативни настани, а предвидени се и изложби, цртање во живо, часови по танц, спортски активности, панел дискусии, кино на отворено и уште многу содржини кои го направат летото во Скопје незаборавно.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.