Бројот на турски туристи во периодот јануари-јули 2019 година е 65.403, додека бројот на ноќевања 96.325.

Објавил: Сара Фемина | 19 септември, 2019 15:56

ОДЛИЧНА ВЕСТ: Нови авионски линии до Скопје и Охрид од Анкара, Измир и Истанбул!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) најавува нови авионски линии до Скопје и Охрид од Анкара, Измир и Истанбул. Денеска во соработка со ТУРСАБ и Асоцијација на турски туристички агенции, организираше бизнис состаноци на 20 нови тур-оператори од Турција со туристичкиот сектор од земјава.

Според Агенцијата, зголемениот број авионски линии значи поедноставена можност за патување на Турците во земјава и обратно, а интересот е резултат на добрата соработка во минатото и историската близина поради која се уште постојат силни семејни и пријателски врски, објави опсервер.мк.

Туроператорите од Турција за време на престојот ќе ги посетат југозападниот дел од земјава, чаршиите во Скопје, Битола и Охрид, отоманските споменици на културата, а ќе имаат можност да уживаат и во македонската традиционална кујна, како и во винскиот регион.

Денеска во соработка со ТУРСАБ и Асоцијација на турски туристички агенции, организираше бизнис состаноци на 20 нови тур-оператори од Турција со туристичкиот сектор од земјава.

Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, а во соработка со ТУРСАБ и Aegean Regional (Асоцијација на турски туристички агенции) дваесет туроператори од Турција денес одржаа бизнис состаноци со туристичкиот сектор од Република Македонија.

Како резултат на претставувањето на туристичките потенцијали на државава и учеството на саемот за туризам во Измир минатата година како земја-партнер, #АППТ ја продолжи промоцијата преку информативното патување кое претставува можност за отпочнување на соработка помеѓу бизнис секторот на двете земји, и нивно запознавање со нашата култура, традиција и историја.

Ова директно ќе се одрази и на зголемување на бројот на туристи и ноќевања на гости од Турција, а дополнително најавени се и нови авионски линии до Скопје и Охрид од аеродромите во Анкара, Измир и Истанбул, стои во нивното соопштение.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА НА ПАТАРИНИ: Отпочнат е нов начин на наплата на патарини, повеќе информации може да добиете ТУКА.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење – Намалена видливост поради магла

Намалена видливост поради магла има од Тетово до с.Гајре 20 м и Охрид до 30м. ФРЕКВЕНЦИЈА:...

Со цел подигање на свеста за потребата од редовно користење на сигурносните појаси, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со совети, информации и одговори на клучните прашања за тоа кој, кога и зошто треба да користи сигурносен појас:

Заборавањето на сигурносниот појас некогаш чини живот

Една од причините за големиот број на загинати и тешко повредени лица во сообраќајни...

Според информациите од веб страницата на аеродромот, утринава на скопскиот аеродром, реализирани се сите полетувања меѓу кои за Гетеборг, Лондон и Ларнака, а слетале авиони од Копенхаген, Франкфурт, Берлин, Доха и Ларнака.

Авиосообраќајот на првиот ден од Новата година се одвива нормално

Авиосообраќајот во скопскиот аеродром на првиот ден од Новата година, се одвива нормално. Според...